ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери: Собранието ја потврди својата ефективност и продуктивност и во ограничувачки услови

December 28, 2021 11:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Се трудевме политичкиот дијалог, вкрстувањето на аргументите и битката за менување и подобрување на законските одредби за олеснување на животот на нашите граѓани да се одвива тука, во Собранието, во рамки на домот на демократијата и тоа можеше да се види преку телевизискиот собраниски канал и со следење на седниците преку стримување. Не велам дека ова е максималното што можевме да направиме, напротив, секогаш може повеќе, меѓутоа ве уверувам дека нашите уставни и деловнички обврски ќе продолжат и понатаму да бидат основната рамка во која ќе се движи Собранието на Република Северна Македонија.

Ова денеска го соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери во својата завршна годишна изјава. Тој посочи дека и оваа година Собранието и пратениците работеле следејќи ги протоколите за заштита од КОВИД -19. Потсети дека пленарните седници се одржуваа во Големата сала на Собранието, попозната како Купола.

– Поради протоколите беа прекинати и организираните посети на граѓаните во Собранието и се одвиваа на виртуелен начин. Оваа година имавме и редовни локални избори кои наметнуваат одредени ограничување врз основа на Деловникот за работа на Собранието, за работа во време на изборни активности така што во тој период не одржувавме пленарни и комисиски седници, изјави Џафери.

По изборите и по најавената оставка на претседателот на Владата, како што рече, настана период на неизвесен политички живот во земјава, кој, пак, предизвика делумна или техничка функционалност на домашните институции меѓу кои и Собранието.

– Сепак, и во ваквите ограничувачки услови, законодавниот дом ја потврди својата ефективност и продуктивност во дадениве услови. Од вкупно 59 пленарни седници, 39 се завршени. Незавршени пленарни седници се вкупно 20, информира Џафери.

Претседателот на Собранието соопшти дека во 2021 година се донесени вкупно 209 закони, од кои по редовна постапка се донесени 111, а по скратена постапка се донесени 79. Вкупно 188 закони се поднесени од Владата, 21 се поднесени од пратеници во Собранието, донесени се и 21 закон за ратификација на договори помеѓу Република Северна Македонија и други земји.

Џафери информира дека преостанати, незавршени точки што треба да се разгледаат на седници на матичните комисии за понатамошно процесирање на пленарна седница по матични тела се следни: Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство – седум точки, Комисија за европски прашања – 12 точки, Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците – 10 точки, Комисија за одбрана и безбедност – една точка, Комисија за здравство – две точки, Комисија за финансирање и буџет – шест точки, Комисија за образование, наука и спорт – пет точки, Комисија за економски прашања – четири точки и Комисија за транспорт, врски и екологија – девет точки.

извор: МИА

Next Post

НБА го скратува времето за карантин за вакцинирани, асимптоматски играчи

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk