ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Ангеловски за Фронтлајн: Само минатата недела МВР заплени над 50.000 парчиња пиротехника

December 29, 2021 18:16
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ
Тони Ангеловски. Фото: Мартина Ацковска / Фронтлајн

Тони Ангеловски. Фото: Мартина Ацковска / Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Портпаролот на МВР Тони Ангеловски во интервју за Фронтлајн истакна дека само во текот на минатата недела МВР има запленето над 50.000 парчиња пиротехника.

Граѓаните да не купуваат пиротехника затоа што на тој начин ја загрозуваат и својата и безбедноста на луѓето околу нив, вели Ангеловски. Упатува апел и до родителите да не им купуваат пиротехника на децата за забава, зашто таа забава, како што нагласува, може потоа „скапо да ги чини“.

Колку пиротехнички средства се запленети оваа година во споредба со претходните години?

Само во текот на минатата недела имаме над 50.000 парчина пиротехника запленето на пазарите и крстосниците на оние места каде што очекуваме да имаме продажба на пиротехнички средства, се разбира нелегална продажба. Еве токму предмалку објавивме дека во текот на вчерашниот ден во Прилеп имаме запленето околу 6.000 парчиња пиротехника и приведени три лица. Се разбира продолжуваме со интензивните акции во текот на овие денови пред празниците, но и потоа за да го санкционираме нелагалното продавање на пиротехнички средства. Се разбира упатуваме апел до граѓаните да не купуваат пиротехника затоа што на тој начин ја загрозуваат и својата и безбедноста на луѓето околу нив.

Кои се законските последици, односно санкции за трговија и користење?

Користењето е санкционирано со парична казна и таа се движи од 200 до 500 евра во денарска противвредност, а за нелегалната трговија и нели доколку имаме употреба на пиротехнички средства со кои што ќе се предизвикаат тешки телесни повреди или не дај боже други поскледици тогаш имаме кривична одговорност, односно затворски казни.

Колку лица до сега оваа година биле подложени на законски санкции?

Како што кажав особено интензивни се акциите во последниот период и само во последнава недела имаме десетина лица кои што се приведени за нелегална трговија со пиротехника, а се разбира постапуваме и по пријавите за употреба на пиротехнички средства. Апел до граѓаните да соработуваат со нас и благодарност за досегашната соработка затоа што и тие ни помагаат со своите пријави на 192 или во најблиската полициска станица за да можеме да добиеме дополнителни информации и навремено да ги санкционираме сите престапници.

Која е возрасната структура на лицата кои злоупотребуваат пиротехнички средства и на кои локации најчесто се користат?

Имаме различна категорија на луѓе кои што употребуваат пиротехника иако најголем дел се малолетници. Токму поради тоа ние апелираме и до родителите затоа што за жал имаме чести случаи кога родители купуваат пиротехника на децата за забава иако таа забава може многу скапо да не чини. Може да изгубат прст, рака или друг дел од телото и на тој начин за еден момент за подигање на адреналинот фактички да останат инвалиди во текот на целиот живот. Токму поради тоа апелираме до родителите никако не им купувајте на децата пиротехника затоа што тоа може да биде многу опасно.

Кои се најчестите последици од злоупотребата на пиротехничките средства?

Токму тоа тешки телесни последици може да дојде и до траен инвалидитет ќе се потсетите дека наназад годините ние сме имале низа примери каде што лицата коишто употребуваат пиротехника, но и лицата коишто ќе се најдат во близина каде што се употребува пиротехника да се стекнат со тешки телесни повреди и за жал наместо да ја прослават новогодишната ноќ во местата за прослава да завршат во болница. Најголемиот проблем е што најчесто тие лица остануваат трајни инвалиди.

Кои се следните чекори на МВР за превенција ?

Ние покрај овој репересивен дел за којшто зборував постојано имаме и превентивни акции во соработка со невладините организации со Црвениот крст на град Скопје, Црвениот крст во другите градови имавме и показни вежби на коишто се обидовме на граѓаните да им претставиме што всушност се случува кога ќе употребувате пиротехнички средства. Иако можеби беа непријатни за гледање тие вежби кога се гледа нели крв, последици откинати прсти иако се подразбира сето тоа е глума не е реално. Во секој случај сакавме да ја упатиме пораката еве видете што навистина се случува доколку не ги почитувате законите и доколку употребувате вакви пиротехнички средства, потенцира портпаролот Ангеловски во интервјуто за Фронтлајн.

Мартина Ацковска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Римац Невера Р постави 24 светски рекорди, станува најбрзиот електричен автомобил досега

July 13, 2025

Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

July 13, 2025

Кузеска: Дали со тендер од 1,8 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ ќе си ја плати кампањата за избори?

July 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двојно убиство и самоубиство во Прилеп, убиецот ги убил внукот од сестра и неговиот син, па се самоубил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Престана со работа „Ал Џезира Балканс“, во 12 часот емитувани последните вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk