ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери: Да градиме односи за заемна доверба, почит меѓу нас внатре и надвор со нашите соседи

December 30, 2021 11:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателoт на Собранието Талат Џафери денеска упати видео-честитка до сите граѓани во пресрет на Новата 2022 година. 

-Почитувани граѓани, Новата година е речиси на прагот и сега кога ја испраќаме Старата морам да признаам дека со нетрпение и со огромна доза на оптимизам се охрабрувам дека 2022 година нема да биде во ниту еден сегмент како оваа. За жал не можеме да кажеме дека беше лесна, ниту пак успешна. Напротив беше тешка, полна со предизвици, препреки, најтажно од се година во која паралелно со здравствените, економските и штетите по менталното здравје на глобално ниво што ги предизвика пандемијата со Ковид-19, вели Џафеи.

Претседателот на Собранието потсети дека оваа година нашата држава беше погодена од огромни трагедии во кои, како што рече, загубивме драги наши сограѓани и тоа остави болка и горчлив вкус во сите нас.

-Оваа година имавме редовни локални избори, по што настапи период на неизвесен политички живот во земјава, кој пак предизвика делумна функционалност на домашните институции. И Законодавниот дом функционираше во рамките на наметнатите здравствени протоколи заради кои останавме затворени за ваши посети и наметнатите деловнички одредби за работа во време на изборни активности. Се фокусиравме на транспарентноста, достапноста и зајакнување на надзорната улога на Собранието за да бидеме поблиску до Вас, за политичкиот дијалог да се одвива тука, во Законодавниот дом, соопшти Џафери.

Важно е, како што рече, политичкиот дијалог, вкрстувањето на аргументите и битката за менување и подобрување на законските одредби за олеснување на животот на нашите граѓани да се одвива тука, во рамки на домот на демократијата.

Џафери во видео-честитка вели дека сите заедно не обединува Република Северна Македонија и оти мораме да градиме односи за заемна доверба, почит меѓу нас внатре и надвор со нашите соседи.

-Да вложиме несебичен труд и да ги надминеме рамките што не ограничуваат. Тогаш ќе успееме. Бидете живи, здрави и успешни, порача претседателот на Собранието Џафери. 

извор: МИА

Next Post

Акцијата „Среќна Нова Година Скопје“, го критикува кич украсувањето на градот, ги израдува децата од улиците (ВИДЕО и ФОТО)

Shortcut

Најново

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk