„Среќна Нова Година Скопје“, е предновогодишна уметничко креативна акција на Центарот за Современи уметности (ЦСУ), преку која на граѓаните на Скопје, како што велат – им го доловуваме новогодишниот дух и новогодишната магија како и да ги изненадиме и израдуваме ранливите категории деца на улица со новогодишни пакетчиња и слични подароци.
„Инспирација за оваа акција е годинешново но и со години наназад никаквото, кич, некреативно и летаргично „ради реда колку да помине„ некреативно украсување на градот и јавните простори по општините и маалата. Токму затоа решивме да ја украсиме „Ладата“ и возејќи ја да го украсиме градот, да ги изненадиме и да им изнудиме насмевки од скопјани во овие предпразнични пандемиски денови. Кога веќе возиме решивме и да ги помогнеме и израдуваме децата на улица и за таа цел на овие деца им поделиме подароци и новогодишни пакетчиња и тие барем малку да можат да ја почуствуваат новогодишната магија“, велат од Центарот за Современи уметности.
„На сите други деца (кои не припаѓаат на ранливите категории) кои под своите елки веќе имаат мноштво подароци и пакетчиња решивме да им подариме по еден скромен примерок на приказната „ Девојчето со ќибритчињата„ од Ханс Кристијан Андерсен со желба преку оваа тажна приказна да ја поттикнеме нивната хуманост и солидарност и она што го имаат доколку се во можност да го споделат со своите врсниции и другарчиња кои немаат доволно“, истакнуваат од ЦСУ.
Акцијата која започна вчера ќе трае и денес и утре, а скопјани по своите улици и сокаци ќе можат да се израдуваат на украсената новогодишна Лада. Акцијата е организирана од Центарот за Современи Уметности и е финансиски поддржана од Фондацијата Отворено општество – Македонија.
J. Ѓ.