Сојуз-Национален Совет за Родова Рамноправност упати ОТВОРЕНО ПИСМО до мандатарот, Димитар Ковачевски.
Почитуван г.Димитар Ковачевски
Во името на Сојуз-Национален Совет за Родова Рамноправност упатувам искрени честитки за
преземањето на мандатот за составување Влада на РС Македонија.
Мисијата и визјата на Националниот Совет за Родова Рамноправност е повеќе жени во структурите
на одлучување и извршната власт, па оттука срдечно го поздравуваме и поддржуваме моделот 50%
-50% мажи/жени, што го применивте при составувањето на органите во партијата.
Имајќи го предвид претстојниот процес на формирање на составот на владиниот тим, очекуваме
Ваша максимална заложба за примена на истиот модел за еднаква застапеност на жените , како во
владиниот кабинет, така и нивно назначување на високи раководни позиции.
Исправени пред многу предизвици за нашата земја, ја имате нашата максимална поддршка во
спроведувањето на родово базирани програми кои ќе ја приближат државата до европските земји.