ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Уставниот суд годинава решил 173 предмети, укинал пет законски одредби

December 30, 2021 13:00
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Досега во оваа година примени се 148 предмети, а решени се 173 предмети, што значи се работеле и останати предмети од изминатите години, информира претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска на денешната прес-конференција.

За споредба, како што појасни, имало години кога не бил совладан приливот на предмети при што биле примени поголем број на предмети од што биле решени, а тоа, како што посочи, било случај во 2017, 2019 и 2020 година.

Најголем дел од новопримените предмети оваа година, информира Кацарска, се однесуваат на оценка на уставноста или законитоста, десет се барања за заштита на човековите права и слободи. Поведени се 13 постапки по кои се донесени четири одлуки за укинување, а девет предмети се уште се во постапка.

– Уставниот суд годинава одржа 37 седници. Споредбено со 2020 е за две седници повеќе или 2021 пандемиска година биле одржани поголем број седници отколку во годините пред пандемиајта. Оваа година Уставниот суд укина пет законски одредби и тоа: одредба од законот за аудиовизуелни медиумски услуги, одредба од закон за градење, дел од закон за семејство, одредба од закон за комплементарна и алтернативна медицина и одредба од законот за банки, како и четири други прописи и тоа: правилник на Министерство за одбрана, одлука за ДУП на Општина Центар, правилник за стоматологија, и одлука за донесување ДУП на Општина Карпош, информира Кацарска.

Во текот на 2021 година, додаде, решени се 14 барања за заштита на слободите и правата на граѓаните, а по четири барања се одржале јавни расправи што исто така било реткост во годините претходно.

– Волјата за ажурно и квалитативно унапредување на работата на судот се согледува и од фактот дека последнтие две години беа одржани вкупно осум подготвителни седници кои не биле одржани воопшто од 2013 до 20202 година, ниту една цели седум години. Се работи за аседници на кои биле разгледувани спорни рпашања за рпедмети кои имаат општествено значење. Подготвителни седдници за законот за употреба на јазиците, закон за Преспаснкиот договор, закон за Јавното обвинителство, за попис на населението. Уставниот суд одлучуваше и по закони кои беа оспорени, а се важни за граѓаните и од стратешко значење за држава – како закон за банки, закон за стратешки партнер за коридор 8 и 10…, соопшти Кацарска./MИА/.

Next Post

Уставниот суд од средина на јануари со пет судии, Кацарска апелира да се изберат нови

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

Мицкоски: Историски најниска невработеност и над 15.000 нови работни места во последната година

May 5, 2026
Илустрација Фронтлајн

Што знаеме за „Проектот Слобода“ на Трамп за Ормускиот Теснец?

May 5, 2026
Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис за 5 мај – Продлабочување во Стрелец

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk