Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска го посети првороденото бебе во Скопје во 2022 година, кое се роди по природен пат, на само минута по полноќ на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство. За родилката Сузана Стошиќ, Михаил е четврто дете.Арсовска ја посети и Симона Петровски, која на свет ја донесе Теодора, само една минута подоцна, две минути по полноќ.
На двете родилки и нивните семејства Град Скопје им посакува здравје и среќа во годините кои претстојат, заедно да се радуваат на успесите на своите деца.







