Федерико Гарсија Лорка
Ноќта не доаѓа
за да не дојдеш ти
и за да не дојдам јас
Но, јас ќе дојдам дури и
од сонцето на скорпијата голтнат
Но ти ќе дојдеш со изгребан јазик од дождовите на солта.
Денот не доаѓа
за да не дојдеш ти
и за да не дојдам јас
Но јас сепак ќе дојдам
на жабите давајќи им го скинатиот
каранфил свој.
Но ти ќе дојдеш
низ темни улици на ноќта.
Ни ноќта ни денот иде
по тебе за да умрам
и по мене мртва да бидеш.
Федерико Гарсија Лорка (1898-1936) е шпански поет, драмски писател, режисер, пијанист, сликар и музичар. На 19 август 1936 година Лорка бил стрелан од франкистите и една од првите жртви на овој фашистички режим поради своите напредни идеи.
избор: Тања Кармзова Костиглиола