ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Армискиот полигон „Криволак“ прерасна во современ домашен и НАТО капацитет – во 2022 тука ќе се одржат 7 меѓународни вежби со над 5 000 учесници

January 5, 2022 08:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска заедно со претставници од Генералштабот и Армијата и претставници од Амбасадата на САД ќе бидат во посета на Армискиот полигон „Криволак“ и ќе направат увид во реконструктивните активности кои се извршуваат на повеќе локации во самиот полигон.

Со инвестиции во патната инфраструктура, објектите, обнова на полигоните за обука, Армискиот полигон Криволак“ добива нов, модернизиран и современ лик.

Во 2022 на полигонот Криволак ќе се одржат седум меѓународни вежби – со учество на 5 200 припадници на сојузничките армии како и на Армијата на Северна Македонија. Најголема меѓу нив е вежбата SWIFT RESPONSE – 22, на која е најавено учество на околу 4 000 учесници од армиите на САД, ОК, Италија, Франција, Црна Гора, Албанија и од Северна Македонија.

Реконструкцијата на АП „Криволак“започна во 2020. Се работеше и активно се работи на зановување на постоечката и воспоставување на нова патна инфраструктура, а во овој период се градат, реконструираат и санираат објекти, санитарни јазли и пречистителни станици. Во периодот што следува е предвидена набавка на нови 32 контејнери за сместување со што ќе се зголеми сместувачкиот капацитет на полигонот.

Припадниците на Инженерискиот баталјон, во изминатиов период самостојно работеа на пробивање на нови патишта за изградба на обиколницата на полигонот Криволак, но и на реконструкција на постоечката инфраструктура и внатрешно поврзување со цел да се обезбеди комплетно патно поврзување на полигонот во вкупна должина од  75 километри.

Со поддршка на 15. Инженериски баталјон на Армијата на САД, Инженерискиот баталјон на Армијата минатата година работеше на изградба на нови содржини,  полигони со подвижни и неподвижни цели за оклопни возила, полетно – слетна патека за беспилотни летала, магацин за складирање на мети, се со цел овој наш ресурс да стане еден препознатлив НАТО ресурс за обука и тренинг. /MИА/.

Next Post

Нуредини: Додека не го смениме начинот на загревање, нема да имаме долгорочно решение за загадувањето

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk