ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Компаниите во ТИРЗ лани достигнале рекорден извоз од три милијарди евра

January 5, 2022 15:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Прв пат е достигнато највисоко ниво на извоз од три милијарди евра во ТИРЗ, соопшти директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски.

-Првичните анализи покажуваат дека ја достигнавме границата од три милијарди евра извоз. Ова е за 15 отсто повеќе споредено со 2020 година, и за 6,5 проценти повеќе од 2019-та која досега беше рекордна извозна година. Ова покажува дека економијата во рамки на зоните, но и во државата е во добар правец. Очекувам трендот на раст да продолжи со оглед на тоа што дел од компаниите со кои потпишавме договори годинава веќе ќе почнат со производство и работа, така што очекувам и сегашното рекордно ниво веќе во 2022 да биде надминато. Со новиот концепт и паметниот пристап што го применуваме една година, успеавме да поттикнеме константен раст на компаниите активни во зоните и конкретни резултати, истакна Деспотовски.

Според него, тоа значи и стабилен број на работни места и континуиран раст на плати и уплати во државната каса.

-Покажавме дека знаеме да го искористиме потенцијалот на странските инвеститори. ТИРЗ останува носител на економијата во земјата, изјави Деспотовски.

Досега највисок регистриран извоз во ТИРЗ беше во 2019 година и изнесуваше 2,796 милијарди евра.

ТИРЗ изготви и анализа на ефектите од странските вложувања во технолошко индустриските развојни зони во изминатите 10 години која покажува дека сите компании кои се активни во зоните оствариле континуиран раст во изминатава декада и постојано растат и во однос на бројот на работни места, платите и уплатите во Буџетот на државата. Вкупните приходи на компаниите во ТИРЗ во анализираниот период 2010-2020, достигнуваат 875 милијарди денари и бележат просечен годишен пораст од 16 отсто, а Буџетот на државата во овој период остварил близу 11 милијарди денари приходи по различни основи од компаниите во ТИРЗ.

извор: МИА

Next Post

Илјадници Аргентинци на протести на плажи поради нафтени истражувања во морето

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk