МАРТИНА АЦКОВСКА
Меѓународната агенција за енергетика го дефинира терминот енергетска безбедност како непречена достапност на енергетски извори по достапна цена. Постои долгорочна енергетска безбедност која пред се се однесува на навремени инвестиции во снабдувањето со енергија во согласност со економскиот развој и еколошките потреби и краткорочна енергетска безбедност која се фокусира на способноста на енергетскиот систем да реагира брзо на ненајдени промени во балансот на понуда и потрошувачка.
Прашањето за енергетската безбедност е една од приоритетни задачи на НАТО алијансата, па дискусиите одат во насока на безбедносно и стратешко пристапување кон енергетската проблематика.
Основи за донесување на одлуки и дејствување на НАТО во сферата на енергетска безбедност
Улогата на НАТО и нејзиното вклучување во дискусиите за енергетска безбедност се појавуваат како потреба за заштита на енергетските ресурси од воени закани и конфронтирања, терористички и пиратски напади врз енергетските постројки како и рутите на снабдување. Истовремено важен фактор е одржувањето поширока безбедност на членките на алијансата и стабилност на оперативната способност како и потребата од заштита на енергетските ресурси од закани поврзани со политичките притисоци како што е прекинот на испорака на енергеси.
Основа за донесување на одлуки и дејствување на НАТО во сферата на енергетска безбедност е Стратегискиот концепт од 1999 година во кој со Членот 24 се отвара можноста за активирање на Член 5 и Член 6 од Вашингтонскиот договор за колективен договор во случај на вооружен напад, но и во случај на загрозување на безбедносните интереси на НАТО од други ризици како тероризам, саботажа, организиран криминал, вклучувајќи го и пореметувањето на текот на ресурсите од витално значење.
Енергетската безбедност прв пат е поставена на агендната на НАТО на Самитот во Рига во 2006 година каде члекните се изјасниле дека прашањето на енергетска безбедност не може повеќе да се игнорира од страна на НАТО. Во документот усвоен на Самитот, насловен како ,,Сеопфатно политичко лидерство” лидерите на НАТО посочуваат дека една од главните закани за НАТО во наредниот период од 10 до 15 години ќе биде нарушувањето на нормалното движење на виталните ресурси.
Во официјалните разговори на Самитот во Рига, Шефер истакнува дека енергетската безбедност е колективен предизвик на НАТО за кој мора да се обезбеди колективен одговор проследен со координација помеѓу националните влади и меѓународните организации. Улогата на НАТО во таквиот колективен одговор би била заштита на рутите на испорака на критичната енергетска инфраструктура во случај на високо ниво на закана.
Во февруари 2007 година, составена е Работна група за енергетска безбедност која има задача да ја дефинира улогата на силите на НАТО за заштитата на енергетската инфраструктура, да ги идентификува проблемите во мисиите на НАТО за обезбеднување на транзитните коридори на нафта и гас и проблемите поврзани со присуство во локациите за нивно производство, како и да ги интегрира политиките за безбедност во снабдувањето помеѓу членките на НАТО.
Пристапот на НАТО кон енергетска безбедност беше потврден и на Самитот во Букурешт во 2008 година, но неговата улога беше продлабочена преку можноста да даде придонес во споделувањето и размената на информациите користејќи ги постојаните средства и капацитети за поморски надзор и рано предупредување ставајќи ги на располагање своите воени капацитети и стручност.
На Самитот во Лисабон во 2010 година беше донесен новиот стратегиски концепт на НАТО во кој енергетската безбедност е јасно позиционирана како област од критично значење поради што се потребни поголеми меѓународни напори за обезбедување од:
- отпорноста од напади на виталните комуникации, транспорт и транзитните рути;
- стабилно и сигурно снабдување со енергија;
- диверзификација на рутите, снабдувачите и енергетските ресурси;
- и поврзаноста со енергетските мрежи.
Во дефинирањето на сопствената улога во рамките на енергетската безбедност, НАТО тргнува од можната причината за прекин во снабдувањето со енергеси да биде воена или политичка. Ако дојде до ситуација на воен прекин предизвикан од вооружени напади, улогата и ангажманот на НАТО би оделе во насока на соработка со партнерите, изградба на капацитетите, реформи во одбраната, обука на партнерските држави, а во екстремни случаи и вклучување на воена заштита на енергетска инфраструктура од вооружени напади.
Официјалните лица од повеќето држави членки на НАТО сметаат дека енергетската безбедност треба да се третира како национален проблем, а ангажманот на Алијансата да биде насочен само кон давање совети и помош без активно ангажирање на теренот. Сепак, за поголем број држави членки на НАТО енергетската криза е економски проблем кој треба да се регулира на пазарот, а не со надворешно-политички и безбедносни мерки.
Двата круцијални моменти на можноста за вклучување на НАТО во сферата на енергетската безбедност
Првиот момент има повеќе воено-безбедносен фокус кој ја рефлектира двојната потреба на Алијансата за спроведуање практично и логистичко планирање на заштита на енергетските залихи, посебно на нафтата, притоа одржувајќи поширока безбедност на нејзините земји членки и стабилност на сопствената оперативна способност. Ваквата констатација подразбира разгледување на воените закани на енергетските постројки како и рутите за снабдување со енергетските ресурси. Одредени аналитичари оценуваат дека можноста за пристап кон енергетските ресурси може да стане предмет на големи воени конфронтирања и претставува сериозен проблем. Според една студија се укажува дека имало најмалјку 3030 терористички напади на нафтните и гасните погони ширум светот помеѓу 1990 и 2005, вклучувајќи ги НАТО и партнерските земји.
Вториот момент е вклучувањето на НАТО во дискусиите за енергетска безбедност , а фокусот е ставен на политичкиот притисок и закани за енергетска безбедност. Ваквиот став може да се идентификува и нагласи особено по спорот помеѓу Украина и руската компанја ,,Газпом,,.
Политичкиот притисок кој се манифестираше со прекин на испораката на гас на почеток од 2006 година. Руските авторитети ваквиот чин го објаснувале исклучиво со економски причини. Поскапувањето на цената на чинење на нафтата и гасот за земјите од поранешниот Советски Сојуз го означиле крајот на ерата во која тие енергентите ги купувале по пониска цена.
Двата момента несомнено резултираа со концептуална разлика во поглед на реализирањето на главната цел. Намалените испораки на гас преку украинска територија се повторија и во 2008-ма година, кога украинската страна одби да потпише документ за нејзиниот долг за увоз на гас, кој достигна износ од 1,5 милијарди долари. Ситуацијата се нормализираше кога Киев го одобри потпишувањето на еден таков документ.
Основната цел на НАТО мисијата била насочена кон реката Нигер, каде што криминалните банди ги напаѓале нафтените инсталации и киднапирале работници кои работеле на нафтените платформи.
На Самитот во Рига, сојузниците беа прилично поделени за тоа дали енергетската безбедност е дел од мисијата на Алијансата. Неколку земји членки во оваа улога на НАТО препознаа интереси на Европската унија. Но, по една година убедувања, генералниот секретар успеа да ја постави енергетската безбедност на агендата на НАТО.
На самитот во Букурешт во 2008 година, сојузниците договорија извештај за „Улогата на НАТО во енергетската безбедност“, кој ги идентификуваше водечките принципи и ги наведе опциите и препораките за понатамошни активности. Овие беа повторени на следните самити, а во исто време на улогата на НАТО доби појасен фокус и насока.
Стратешкиот концепт од 2010 година, формирањето на Секција за енергетска безбедност во Одделот за нови безбедносни предизвици во седиштето на НАТО истата година и акредитацијата на Центарот за извонредност на НАТО за енергетска безбедност во Литванија во 2012 година беа главни пресвртници во овој процес.
Самитот во Брисел, јули 2018 година- Сојузниците ја истакнаа важната улога на енергетската безбедност како дел од нивна заедничка безбедност
„Енергетската безбедност игра важна улога во нашата заедничка безбедност. Стабилното и сигурно снабдување со енергија, диверзификацијата на рутите, добавувачите и енергетските ресурси и меѓусебната поврзаност на енергетските мрежи се од критично значење и ја зголемуваат нашата отпорност на политички и економски притисок“, пишува во Декларација од Самитот во Брисел.
Се постигна согласност дека од суштинско значење е да се осигураат членките на Алијансата да не подлежат на политички или економски манипулации.
„Иако овие прашања се првенствено одговорност на националните власти, енергетскиот развој може да има значителни политички и безбедносни импликации за сојузниците, а исто така да влијае и на нашите партнери. Следствено, ќе продолжиме со редовните консултации на сојузниците за прашања поврзани со енергетската безбедност. Сметаме дека е од суштинско значење да се осигураме дека членките на Алијансата не се ранливи на политичко или принудно манипулирање со енергијата, што претставува потенцијална закана. Затоа, сојузниците ќе продолжат да бараат диверзификација на нивните енергетски резерви, во согласност со нивните потреби и услови“, потенциираат во Декларацијата од Самитот во Брисел.
Како една од главните задачи на НАТО во енергетската безбедност е усовршувањето на нивната улога во согласно со утврдените принципи и насоки, како и развивање на капацитетот на НАТО да ги поддржува националните власти во заштитата на критичната инфраструктура, вклучувајќи ги хибридните и сајбер активностите. Се зголемува и нивото на стратегија, вклучувајќи го и споделувањето на разузнавачки информации и проширување на врски со релевантните меѓународни организации, како што се Меѓународната агенција за енергија, Меѓународната агенција за обновливи извори на енергија и Европската унија. Исто така дополнително ќе се подобри енергетската ефикасност на воени сили преку употреба на одржливи извори на енергија, кога тоа е соодветно.
Резултатите од работењето на CEPS операцијата ги надмина очекувањата
Во ноември 2019 година, сојузниците договорија збир препораки за консолидирање на улогата на НАТО во енергетската безбедност, што вклучуваше посилен фокус на тоа како да се обезбеди одржливо снабдување со гориво за војската низ Алијансата.
Вкупниот годишен обем на транспортирани горива достигна 13.09 Мм3, што претставува зголемување од 9,1% во однос на проценките(12,0 mm3), пишува во извештајот на NSPA.
Оваа вкупна дистрибуција не е евидентирана од 2011 година.
Во однос на активноста на складирање, очекувањата беа целосно исполнети со реалните резултати,на 886.573 м3/ месец. Оваа вредност одразува стапка на пополнување од 98,5% од нето капацитет за складирање на системот.
Вкупно 33 CEPS инфраструктурни проекти се завршени и формално прифатени. 18 проекти во вредност од 18,8 милиони евра беа финансирани од програмата CEPS, додека 15 проекти во вредност од 11,9 милиони евра беа финансирани од безбедносната инвестициска програма на НАТО (NSIP).
Овие проектите за модернизација имаат за цел одржување на тековните операции и исполнување на воените барања. Дополнително, CEPS PO обезбеди надзор за 298 тековни проекти во вредност од 218,9 милиони евра.
За да биде успешна во поддршката на оперативната војска на НАТО програмата CEPS продолжува да се фокусира на нејзините пет главни цели вклучително и невоената употреба, модернизација на инфраструктурата, планирање на ресурси на претпријатија (ERP интеграција), физичка и сајбер безбедност и регрутирање, задржување и обука на висококомпетентна професионална работна сила.
Во поддршка на нејзината мисија да ги поддржи барањата на НАТО, програмата CEPS продолжува да ја истражува изводливоста на потенцијалното проширување на CEPS на Исток како членка на NATO Inter Staff Group работилницата за горива.
Климатските промени се еден од клучните предизвици на нашето време
Во март 2021 година, сојузниците ја поддржаа Агендата на НАТО за климатски промени и безбедност и на Самитот во Брисел во јуни, Акциониот план за нејзино спроведување. Оваа агенда и акционен план ќе помогнат да се зајакнат напорите на НАТО за зголемување на воената енергетска ефикасност додека се одржува оперативната ефикасност.
Климатските промени се еден од клучните предизвици на нашето време кои ќе имаат влијание како на евроатлантската безбедност така и во поширокото соседство на Алијансата. Климатските промени ја ставаат на тест цивилната отпорност и подготвеност, влијаат на планирањето и на издржливоста на воените инсталации и критична инфраструктура, аможе да создадат потешки услови за операциите на НАТО.
Коминикето на самитот во Брисел на 14ти Јуни 2021 го одобри Акциониот план за спроведување на Агенда на НАТО за климатски промени и безбедност, со што се зголемува свеста, адаптацијата, ублажувањето и напорите на терен, истовремено обезбедувајќи веродостојно одвраќање и одбранбено држење и почитување на приоритетите на безбедноста на воениот персонал и оперативна и економичност.
За да се зголеми свеста, НАТО ќе спроведува годишни проценки за влијанието на климатските промени врз неговата стратешка средина, како и на мисиите и операциите. За да се прилагоди на климатските промени, НАТО ќе ги вклучи активностите за климатските промени во својот целосен опсег на работа, почнувајќи од планирање на одбраната и развој на способности до цивилна подготвеност и вежби.
За да придонесе за ублажување на климатските промени, користејќи ги најдобрите практики на сојузниците и земајќи ги предвид нивните различни национални околности, НАТО ќе развие посебна методологија со цел да им помогне на сојузниците да ги измерат емисиите на GHG од воените активности и инсталации, што би можело да придонесе за формулирање на доброволни цели за намалување на ваквите емисии. НАТО, исто така, ќе ја зајакне размената со земјите партнери, како и со меѓународните и регионалните организации кои се активни за климатските промени и безбедносните прашања.
Поголемо внимание и посветеност ќе биде насочено кон хибридните сценарија кои следуваат. Со зголемена свест за енергетските ризици, зголемен капацитет за поддршка на заштитата на инфраструктурата и енергетски поефикасна војска, НАТО алијансата ќе биде подобро подготвена да одговори на безбедносните предизвици на 21 век.