БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Адвокатите на Ѓоковиќ имале докази дека Ноле се заразил со ковид 19 на Бадник, а се излечил на Божик 22. И дека имал ковид и во декември. Ако Синиша Мали можел во декември да има докторат зошто Новак не би можел да има корона. Ќе видат Австралија и светот што се балкански снаодливости, адвокатски виртуозности и органско производство на стварности. Јас имам чуено дека можат и да побараат одлагање на Австралија опен за да му дадат шанса на Ноле и пред судиите на Федералниот суд да се зарази и да се излечи односно да добие право да игра. Во меѓувреме заседава Советот за безбедност. Русија се заканува дека ќе интервенира во Мелбурн како во Казахстан. Инаку ставот на вмро-дпмне е дека целата афера е измислена за да се дефокусира вниманието на јавноста од криминалите на Заев.