ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Бог да ѝ прости на ирската држава бидејќи јас нема, вели Шинед О’Конор после смртта на нејзиниот син

January 10, 2022 11:49
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Шинед О’Конор ги критикуваше ирските власти по смртта на нејзиниот 17-годишен син Шејн, за кого таа тврди дека ја напуштил болницата додека „бил под надзор за самоубиство“, пренесува Гардијан.

Пејачката ја објавила веста за смртта на Шејн на социјалните мрежи во саботата, пишувајќи: „Мојот прекрасен син, Невиим Неста Али Шејн О’Конор, самата светлина на мојот живот, одлучи да ја заврши својата земна борба денес и сега е со Бога.“

„Нека почива во мир и никој да не го следи неговиот пример. Моето бебе. Те сакам многу. Почивај во мир“.

Шејн О’Конор бил пријавен за исчезнат два дена пред неговата смрт. Исчезнал од Њубриџ, на округот Килдер, а последен пат бил виден во петокот наутро во областа Талахт во Даблин. Полицајците рекле дека се загрижени за неговата благосостојба.

Во серија твитови во саботата вечерта, по полициската потврда за неговата смрт, ирската пејачка ги осуди властите, вклучително и ирската здравствена служба „HSE“ и агенцијата за деца и семејство Тусла, за нивното „одбивање да ја прифатат одговорноста“.

Таа напиша: „26 часа откако мојот син почина во таканаречената грижа на Ирската држава во форма на Тусла, сè уште немам добиено никаков контакт од Тусла или нивните претставници. Ниту еден контакт од Тусла не е неприфатлив“. Таа подоцна објави дека „формално ги идентификувала посмртните останки на мојот син“, додавајќи: „Бог да ѝ прости на ирската држава бидејќи јас никогаш нема да го направам тоа“.

Во друг твит, таа вели: „Сега Тусла сака да разговара со мене за „соопштение за медиумите“ без сомнение сакајќи да се приклучам во нивните напори оваа смрт на моето дете да изгледа како да не е во рацете на ирската држава“.

На пејачката ѝ се испратени илјадници пораки со сочувство на социјалните мрежи, вклучително и од јавни личности и други мајки кои поминале низ слични искушенија.

превод: Марија Миткоска

 

Next Post

Франција се води од временската рамка на Софија за надминување на блокадата

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk