-Во Европа се доминантни четири теми од кои прва и најсериозна е Европа една држава или Европа на унија од држави, а темата за проширување со Западен Балкан и со нас во него е четврта. Ние не можеме да влеземе брзо во ЕУ во најдобар случај доколку денеска почнеме да преговараме тоа би се случило во 2035 година, вели за „Утрински Брифинг“ професорот Марјан Бојаџиев.
„Истиот пат го поминала и Австрија, прво станала членка на ЕЕА, од други причини се разбиора. Проектот Отворен Балкан нема поддршка од ЕУ. Еден од проблемите е што не се вклучени сите земји, не може само три земји да бидат Отворен Балкан. Мојот предлог беше оваа идеја може одлично да се спроведе во рамки на ЕЕА и според мене тоа не е спореден туку пократок пат кон ЕУ интеграциите на земјава.
Политичка волја треба да има од политичките актери. Најавена е тематска седница на собранието на стопанските комори на форумот на коморите. Јас сум песимист дека нешто во скоро време ќе се случи со Бугарија. Ние мора да живееме европски, не може да ја распуштиме државата ако не сме дел од ЕУ.
Ме загрижува економската криза, 2022 очекувам да биде подобра од претходната… Составот кој што го предложи Ковачевски е ветувачки особено во оние делови каде потфрли претходната влада“, вели за „Утрински Брифинг“ професорот Марјан Бојаџиев.