„Граѓаните преку медиумите беа сведоци дека во парламентот често пати имаше кочење на законски решенија кои што значеа донесување на пакети за поддршка на граѓаните меѓутоа и на голем број закони кои што се значајни за отпочнување на инфраструктурни проекти, а кои што секако значат стимул на економијата и затоа и мојот повик на ниво на парламент е дека пратеничките групи од сите партии треба да разговараат и треба да ги изберат решенија на најбрз и на најефикасен начин да тие бидат донесени и да значат стимул и на економијата и на сите сектори кои што зависат од неа.“- изјави Димитар Ковачевски, лидер на СДСМ и мандатар.
Владата реагира навремено и ефикасно во енергетската криза
„Министерството за финансии, каде што и јас бев вклучен, веќе на првите знаци на покачувањето на цената на енергенсите веднаш интервениравме со намалување на стапката на ДДВ за електрична енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи од 18 на 5% и кога видовме дека цената на електричната енергија не застанува, туку напротив расте. Тогаш веќе почнавме со обезбедување на ликвидни средства и со давање на наредби да сите производствени капацитети бидат пуштени во погон со цел да се обезбеди електрична енергија од домашно производство, така да од тој аспект како влада реакцијата беше брза и навремена.“- смета претседателот на СДСМ и мандатар, Димитар Ковачевски, во интервјуто на телевизија Телма.







