„Бројката од 70 целосно реконструирани објекти на МВР, за периодот од 2017 до 2021 година, е сериозен показател за одговорниот пристап на ова раководство на МВР кон подобрувањето на условите на вработените и на услугата за граѓаните“, објави на Фејсбук министерот Спасовски.
„Во 2017 година ја поставивме стратешката определба за концептот полиција – сервис на граѓаните, и оттогаш, па сѐ до крајот на 2021 година, со едно динамично темпо ги остваривме сите зацртани програмски активности за севкупно подобрување на условите и материјално-техничките капацитети на македонската полиција“, напиша во својата објава Спасовски.
Спасовски вели дека се реконструирани 70 објекти на разни организациони единици на Министерството низ државата, за кои се одвоени средства од сопствениот буџет. Притоа, резултатот е евидентен со тоа што 2021 е завршена како најбезбедна година до сега, со зголемена ефикасност на полицијата.
Спасовски најави дека во 2022 година продолжуваат со реконструкција на Оддел за граѓански работи во МТВ, реконструкција на Центар за обука Идризово и градба на Полициска станица Аеродром.