ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи – Генчовска: Скопје и Софија остануваат посветени на процесот на приближување на регионот кон ЕУ

January 18, 2022 10:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската интеграција на Западниот Балкан претставува национален интерес, како на земјите кандидати за членство, така и на членките на Европската Унија, се согласија на денешната средба министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговата бугарска колешка Теодора Генчовска, која е дел од високата владина делегација на Република Бугарија, предводена од премиерот Кирил Петков, што денеска престојува во официјална посета на земјава.

Како што соопшти МНР, двајцата министри нагласија дека остануваат посветени кон процесот на приближување на регионот кон Европската унија и притоа ја акцентираа важноста на добрососедството и регионалната соработка, како влог во заедничката европска иднина.

– На средбата беше поздравен обновениот дијалог меѓу двете Влади, како и значењето на продолжување на интензивната комуникација на високо ниво, при што беше изразено уверување дека со новата динамика во контактите ќе дојде до преку потребното надградување на билатералните односи, се наведува во соопштението Министерството за надворешни работи.

Во фокус на разговорите беше претстојната заедничка седница на владите на двете земји, што ќе се одржи во Софија на 25 јануари, како и внесувањето нова динамика во соработката преку примена на концептот на работни групи, при што се разгледани конкретни области во кои постои потенцијал за напредок. Со тоа, како што се посочува во соопштението, двете земји ќе испратат јасен сигнал дека постои силна волја за исчекор и взаемно разбирање, во духот на добрососедството и европските вредности.

– Посетата се случува на самата 30-годишнина од првото признавање на независноста на нашата држава, кое дојде токму од Република Бугарија, но ова е и прва посета на премиерот Петков на регионот на Западен Балкан воопшто, што испраќа многу важна и вредна порака за нашите односи, но не помалку важно и за нашиот динамичен и верувам поинаков пристап во надминување на предизвиците со кои се соочуваме, изјави министерот Османи по средбата, додавајќи дека е „важно да се идентификуваат конкретни чекори за соработка, преку иницијативи, активности и проекти во многу скоро време, за што двете Министерства за надворешни работи и другите ресори ќе дадат свој конкретен придонес“.

Во однос на економската соработка, министрите го поздравија растот на трговската размена меѓу двете земји од 30 отсто во текот на 2021 година и ги изразија своите очекувања дека во текот на 2022-та ќе се задржи позитивната стапка на раст на двете економии и трговската размена меѓу нив, како и позитивниот тренд во нови инвестиции, кои треба да бидат и поддржани од двете држави.

извор: МИА

Next Post

Ангелов на терен - нивото на реката Вардар драстично покачено на кејот на Вардар во Аеродром

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Грција најави пакет мерки за побрз проток на граничните премини со Македонија и Турција

May 30, 2026
Фото: НАСА

(ВИДЕО) НАСА подготвена за лансирање на вселенскиот телескоп „Роман“: Финална инспекција на примарното огледало 

May 30, 2026

Африканскиот феминистички крик на ОФФест: Моќниот женски колектив „Les Amazones d’Afrique“ доаѓа во Скопје

May 30, 2026
Фото: Скриншот, видео Ролан Гарос

(ВИДЕО) Тинејџерот Фонсека го исфрли Ѓоковиќ, Ролан Гарос ќе добие нов Грен слем шампион

May 29, 2026
Анаис. Мотив, Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

May 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk