Љупчо Поповски за Утрински брифинг рече Петков ќе има средба и со Мицкоски. Поповски вели дека вчера на Тв24 имаше интервју Мицкоски, тој вика би сакал новинарите да го прашаат Петков кој е Гоце Делчев. А зошто новинарите да го прашаат?
„Нека го праша тој чиј е Гоце Делчев да видиме дали така се водат разговори меѓу лидер на опозиција и премиер. Зошто новинарите да ја вршат валканата работа за еден лидер на опозиција. Мислам дека тоа е потпалување“, вели Поповски.