ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски во чест на празникот Водици: „Да ја зајакнеме духовната зрелост и добрата волја за совладување на сите предизвици“

January 19, 2022 14:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владина делегација предводена од претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски кој беше придружуван од заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за локална самоуправа Горан Милевски,  денес присуствуваше  на церемонијата за чествување на големиот христијански празник Богојавление – Водици, што традиционално се одржа на мостот „Слобода“ кај „Холидеј Ин“ во Скопје.

На церемонијата на која присуствуваа голем број верници, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан ги освети водите положувајќи го крстот во реката Вардар. Со овој чин кој го означува  духовното прочистување и обновување, водите се преобразуваат во свети води, како потсетување на крштевањето на синот божји во реката Јордан.

На свечената церемонија која кулминираше со фаќањето на крстот, премиерот Ковачевски на најсреќниот од верниците кој го извлече крстот од светите води, срдечно му честиташе со желби за добро здравје и просперитет и му ја врачи наградата.

Во својата честитката до православните верници, светиот Архијерејски синод, до Господин Господин Стефан, Архиепископ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како и до сите свештеници и монашки братства премиерот Ковачевски порача:

„Овој празник нè повикува да се очистиме од гревовите на денот кога водите се преобразуваат во свети води за да потсетат на денот кога Исус Христос се крштеваше во реката Јордан.

И оваа година додека сè уште трае пандемијата со КОВИД-19, празникот повикува да ги поминеме во здравје искушенијата на пандемијата.

Да се придржуваме до препораките на здравствените работници и на Синодот на МПЦ-ОА и да го прославиме празникот одговорно.

Секоја година овој празник ни порачува да ја обновиме и зајакнеме духовната зрелост, и смирено и со љубов да си посакаме добра волја за совладување на сите предизвици што ни претстојат на личен и на колективен план. Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник Богојавление – Водици“.

 

Next Post

Борисов: Македонскиот премиер лукаво го наседна нашиот

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk