ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Рекордни 464.769 позитивни случаи на коронавирус во Франција

January 19, 2022 10:25
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во изминатите седум дена во Франција дневната  контаминација со коронавирус достигна рекордни бројки од над 300.000 позитивни лица, објави Јавното здравство, но вчера оваа бројка се зголеми на 464.769. Со тоа просекот за неделата достигна 309.433 дневни случаи, наспроти 281.965 претходниот вторник, јави дописникот на МИА.

Службите за интензивна нега, кои примаат најсериозни случаи, во вторникот во Франција имаа 3.894 пациенти со Ковид-19 (вклучувајќи 366 нови приеми), наспроти 3.913 претходниот ден и 3.969 претходниот вторник. Вкупниот број на хоспитализирани пациенти достигна 26.593, од кои за 24 часа се примени 3.503. Претходниот вторник беа хоспитализирани 23.371 лице.

Париската полиција ги забрани демонстрациите на неколку синдикати на наставници, закажани за утре, на кои требаше да се бараат „силни одговори“ наспроти хаосот предизвикан од здравствената криза, бидејќи барањето за нивно одржување било направено „ненавремено“.

Синдикатите на наставниците и родителските организации на учениците и средношколците повикаа на „продолжување на мобилизацијата“ по многу големите демонстрации и штрајк од минатиот четврток, со вклучување „во нов ден на акција четврток, вклучително и со штрајк“.

Уставниот совет на Франција, повикан да даде свое мислење од опозициските пратеници и сенатори, ќе донесе одлука во петок на 21 јануари за предлог-законот со кој здравствената пропусница станува пропусница за вакцинација.

До Уставниот совет се упатени две барања, првото се спротивставува на пропусницата за вакцинација, второто, пак, смета дека мора да се донесат „одреден број заштитни мерки“ за да се „надгледува скрупулозно“ оваа законска мерка.

-Ја чекаме одлуката на Уставниот совет. Во тој процес, здравствената пропусница ќе може да стапи на сила, веројатно до крајот на неделата, посочи портпаролот на француската влада Габриел Атал.

Next Post

Макрон во Стразбур ја претставува својата „визија“ за Европа и ЕУ

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk