ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Северна Македонија е позитивен пример на функционална мултиетничка демократија

January 20, 2022 14:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими амбасадорот Каират Абдрахманов, Висок комесар на ОБСЕ за национални малцинств, информираат од кабинетот на претседателот.

На средбата беа разменети мислења за севкупните активности на ОБСЕ во земјава во контекст на заштитата на правата на различните заедници, како и соработката на државните институции со меѓународните организации и граѓанскиот сектор по овие прашања.

Претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија е позитивен пример на функционална мултиетничка демократија во однос на почитувањето и унапредувањето на правата на различните заедници, како и во пристапот на градење толеранција и доверба, во согласност со вредностите и заложбите на ОБСЕ.

Претседателот додаде дека во земјава има значителен исчекор во унапредување на јазичните права на немнозинските заедници, а во однос на родовите прашања има повеќе програми на кои активно се работи, во процесите на креирање на политики и донесување на одлуки и нивното влијание на родовата еднаквост во земјава.

На средбата беа разменети мислења за тековните подготовки за претседателството на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година. Претседателот истакна дека земјава планира да ги промовира приоритетите кои се од заеднички интерес, одразувајќи ја визијата на земјите-членки на ОБСЕ, водена од принципите на оваа организација. Во таа насока, Северна Македонија ќе има блиска соработка и со Високиот комесар за национални малцинства, работејќи на унапредувањето на човековите права и правата на немнозинските заедници.

Претседателот Пендаровски на средбата ја истакна долгогодишната соработка со ОБСЕ и поддршката во унапредување на демократските реформи, што е од големо значење во контекст на аспирациите на државата за членство во Европската Унија.

Next Post

„Темплум“ го објави првиот зборник текстови за попреченост на македонски

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk