Се укинува забраната за тешки товарни возила на патниот правец Струга-Ќафасан, соопшти попладнево Авто мото сојузот на Македонија.
Забраната на овој патен правец беше воведена утрово.
Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на екипите на ЈП Македонија Пат. Поради ниските утрински температури наместа е можна појава на голомразица.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.





