ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ФОТО) Ковачевски и Тренчевска во посета на семејството Шишковски: Секој има право на одмор и неделата да ја помине со семејството

January 23, 2022 17:28
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, денеска го посетија семејството Шишковски со цел да ја запознаат Стефанија, млада жена која работи во локален супер маркет, и која со законското решение неделата да биде прогласена за неработен ден сега има повеќе време да им се посвети на семејството и на личниот поквалитетен живот, информираат владините служби.

Премиерот Ковачевски, Стефанија и нејзиното семејство се согласија дека е многу важна рамнотежата помеѓу професионалниот и приватниот живот и дека таа придонесува работниците како Стефанија да бидат помотивирани, поодморени и поефикасни на работното место.


Со ова законско решение, рече премиерот Ковачевски на средбата, е направен уште еден исчекор кон унапредување работничките права и социјалната правда со што е продолжена грижата и поддршката за работниците како приоритет на Владата.

Претседателот на Владата изрази благодарност до работодавачите и стопанските комори, како и до синдикатите кои го поддржаа ова законско решение и додаде дека одделните разлики што се појавија во имплементација на неработниот ден ќе бидат усогласени во интерес на сите.

Ковачевски потенцираше дека работниците се движечката сила на економијата и на развојот на нашето општество и затоа и грижата за нив треба да биде на највисоко ниво.

„Токму затоа за неполни четири години минималната плата од 9.000 е покачена на над 15.000 денари што е повеќе од 6.000 денари месечно по вработен, или 72.000 денари повеќе во семејството“, рече на средбата Ковачевски.

Тој додаде дека државата ќе биде секогаш тука да ги унапредува правата на работниците, економијата и животниот стандард на граѓаните и со поддршка на растот на платите.

Next Post

Перез и Лапорта се договорија да не „ловат“ играчи еден од друг, исклучок фудбалери со истечен договор

Shortcut

Најново

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Албин Курти

August 25, 2026

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk