ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Во Словенија рекордни 13.911 нови случаи на Ковид-19, позитивни 75,5 отсто од тестираните

January 23, 2022 12:11
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени рекордни 13.911 заразени со коронавирусот, а дури 75,5 отсто од тестовите биле позитивни, па Владата не размислува за олеснување на мерките во сè уште тешката епидемиолошка состојба, пренесува МИА.

– И покрај се поголемиот број заразени, бројот на хоспитализирани е стабилен, но со вакво големо присуство на вирусот кај населението, очекуваме притисок врз одделенијата за интензивна нега. Затоа не размислуваме за дополнително олеснување на мерките, туку размислуваме за излезна стратегија, изјави инфектологот Матеја Логар, кој ја предводи владината експертска група за Ковид-19, коментирајќи ги високите бројки.

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 13.911 новозаразени со коронавирус од 18.428 ПЦР тестови, со 75,5 отсто позитивни, што е најголем број на заразени во еден ден од почетокот на пандемијата, соопшти Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ).

Дополнително, направени се над 73.000 брзи антигенски тестови, чии резултати сè уште не се објавени бидејќи позитивните резултати треба последователно да се потврдат со ПЦР тестирање.

Седумдневниот просек на заразени во еден ден со новиот резултати е зголемен на 9.991 случај, а 14-дневната инциденца на заразени на сто илјади жители на 5.335 инфекции.

Во Словенија има 101.906 активни случаи, соопшти Министерството за здравство.

Во болниците моментално има 608 пациенти со коронавирус, од кои 135 се на одделенијата за интензивна нега, а во последните 24 часа починале 17 лица, со што вкупниот број на смртни случаи од последици од Ковид – 19 се искачи на 5.768.

Next Post

Спортистите од САД нема да ги носат своите мобилни телефони на Олимпијадата во Пекинг

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот, видео Ролан Гарос

(ВИДЕО) Тинејџерот Фонсека го исфрли Ѓоковиќ, Ролан Гарос ќе добие нов Грен слем шампион

May 29, 2026
Анаис. Мотив, Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

May 29, 2026
Фото: Лени вон Гелева

Никола Гелевски – Коља е добитник на наградата „Македонско стрип наследство“ за 2026 година

May 29, 2026

Никола Груевски добил Унгарско државјанство во 2022 година

May 29, 2026

Стојчевски од СДММ: Распишете референдум, младите сакаат самите да одлучат за европската иднина

May 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk