ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Активни 20.020 случаи на Ковид-19, се очекува намалување на периодот на изолација

January 25, 2022 08:16
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Share on FacebookShare on Twitter

Вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 256.996, од кои во моментов активни се 20.020. Во изминатото деноноќие беа регистрирани 718 нови случаи на КОВИД-19 од направени 3.044 тестирања. Регистрирани се 95 реинфекции.

Најголем број активни случаи има во Скопје – 11.012, потоа Битола – 1.542 и Прилеп – 785. Најмалку активни случаи има во Дојран – 13, Дебар – 20, Демир Капија – 21…

Во текот на изминатите 24-часа починаа 22 лица, од кои девет биле целосно вакцинирани, а кај 18 се регистрирани коморбидитети.

Во земјава се уште се очекува дали изолацијата ќе биде скратена од десет на седум дена за ковид-позитивните пациенти. Препораката во петокот ја донесе Комисијата за заразни болести, која треба да се најде на разгледување пред Главниот кризен штаб, а потоа на владина седница.

Во општина Гевгелија има рекордно зголемување на бројот на пациенти инфицирани со сојот омикрон. Само изминатата недела биле регистрирани 188 новозаболени од чија потреба за прегледи и лекување се чувствува притисок врз здравствените капацитети и здравствените работници.

Во Штип има заразени лекари, медицински сестри, техничари и болничари од Клиничката болница, кои се на домошно лекување. И покрај големиот притисок од пациенти на Инфективното одделение, но и направената реорганизација на кадарот поради тоа што имаат еден дел заразени, надлежните од болницата велат дека засега не размислуваат да ја пуштат во употреба модуларната болница.

За разлика од Гевгелија и Штип, во текот на изминатиот викенд двајца пациенти се примени во ковид – центарот во Клиничката болница во Тетово. Вкупно девет пациенти се лекуваат во ковид-центарот.

Поради ширењето на омикрон варијантата на коронавирусот во Бугарија, дел од учениците во Софија, Бургас и Благоевград ќе учат онлајн. Учениците од 5, 6, 8, 9 и 11 одделенија во Софија и Бургас една недела ќе учат онлајн, почнувајќи од вчера. Наставата ќе се одржува од далечина за сите ученици од 5-то до 12-то одделение во областа Благоевград, соопшти бугарското Министерство за образование.

Косовското Министерство за здравство најави дека во текот на неделава е можно да се преразгледа одлуката за обврската на странските државјани при влез во земјата да приложат сертификат за три примени дози вакцина или две дози плус РТ-ПЦР тест не постар од 48 часа. Како што соопшти ресорното Министерство на официјалната страница на „Фејсбук“, евентуалната промена на одлуката, која е во сила од саботата – 22 јануари, ќе зависи од развојот на епидемилошката состојба и бројот на новозаболени од Ковид-19.

Поради брзото ширење на сојот омикрон во Словенија се скратува десетдневниот период на изолација на заразените, па тие ќе можат да се вратат на работа по седум дена, доколку добијат негативен тест.

Во Франција, пак, стапи во сила вакциналната пропусница која ја заменува здравствената пропусница за пристап до многу јавни места во земјата. Нејзината цел, според владата, е да ја зајакне здравствената безбедност во период на висок епидемиски притисок, а во исто време да ги натера непослушните Французи да се вакцинираат или да ја добијат нивната засилена доза. /МИА/.

Next Post
Отворање на зедничката седница на премиерите Ковачевски и Петков. Фото: М. Ацковска / ФРОНТЛАЈН

(ВИДЕО) Отворање на зедничката седница на премиерите Ковачевски и Петков

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk