ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ФОТО и ВИДЕО) Ковачевски-Петков: Добрососедството ќе биде на пиедестал, ќе се посветиме на работи кои беа заборавени последните години

January 25, 2022 12:16
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Ковачевски и Петков. Фото: Ариан Мехмети

Ковачевски и Петков. Фото: Ариан Мехмети

Share on FacebookShare on Twitter

Добрососедството ќе биде на пиедестал и ќе се посветиме на работи кои беа заборавени последните години. Меморандумите што денеска беа потпишани имаат еден краен резултат, а тоа е економски развој на целиот регион, порачаа премиерите на Северна Македонија и на Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков на заедничка прес-конференција во Софија. 

Двајцата премиери оценија дека е добро што веќе има план за неделни средби на секториските групи и дека брзо може да се постигне сето она што е испуштено во изминатиот период.

Премиерот на Бугарија, Корил Петков. Фото: Ариан Мехмети

– Имаме веќе три реални потпишани меморандуми за многу клучни прашања – прашања од областа на земјоделството, малите и средните претпријатија и развој на железничката врска Софија – Скопје. Тоа е пример за новиот пристап којшто ние го даваме со нова енергија и реални резултати, рече бугарскиот премиер Петков, додавајќи дека има огромна синергија и предности за добрососедство. 

Тој најави дека на првите средби на работните групи ќе присуствуваат и претставници од стопанските комори и од образовните и културните институции.

Премиерот Димитар Ковачевски. Фото: Ариан Мехмети

– Добро е што веќе има и план за неделно среќавање на секторските експерти. Меѓутоа, уште поважно е што веќе на првите средби ќе бидат вклучени и претставници од институциите, односно од стопанските комори, образовните институции, културните установи и низ конкретна соработка да можат да ги видат бенефитите од соработката помеѓу двете соседни држави, рече македонскиот премиер Ковачевски.

Работната група во делот на енергетиката, трговијата, инвестициите, туризмот и земјоделието веќе има план на активности што ќе треба да се реализираат во наредните месеци, а групата задолжена за културата и образованието исто така има конкретни проекти коишто ќе значат соработката меѓу високообразовните институции од двете држави и воспоставување на научни конференции особено во делот на природните науки. Во делот на евроинтеграциите, како што посочи Ковачевски, Северна Македонија може да ги примени искуствата од Бугарија која веќе 15 години е членка на Европската унија. 

Владини делегации на Северна Македонија и Бугарија. Софија. Фото: Ариан Мехмети

Двајцата премиери изразија задоволство и од историската комисија која, како што посочија, ќе ги интензивира активностите во следниот период. 

– Историската група кажа дека ќе има барем три средби следните четири месеци. Многу интензивна работа меѓу средбите и тие имаат оптимистички поглед кон заедничките задачи, изјави Петков. 

На почетокот на прес-конференцијата на двајцата премиери, беа потпишани неколку билатерални договори за соработка во различни области меѓу двете држави.

Следната средба на работните групи ќе се одржи за една недела. Работните групи беа утврдени на 18 јануари при посетата на бугарската владина делегација предводена од Петков на Скопје.

Видео: Мартина Ацковска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Во Црна Гора утрово се измерени рекордни минус 33 степени

НАЈНОВО

Оскарите

Холивудски икони без Оскар: Големите имиња што Академијата никогаш не ги награди

October 19, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Излезноста во Битола до 15 часот е 31,45%

October 19, 2025
Фудбалски стадион на Јувентус

Комо му го нанесе првиот пораз на Јувентус во сезоната во Серија А

October 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кралот Чарлс му ја одзеде титулата на принц Ендру: Што значи тоа за неговото семејство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk