Високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства, Каират Абдрахманов на состаноците кои ги оствари при постетата на земјава, ја изрази неговата поддршка за напорите во развивање на стратегија за Едно општество за сите, посочувајќи дека е ефективна рамка за подобрување на социјалната кохезија, соопштија од ОБСЕ.
Во текот на тридневната посета на земјата, Вискоиот комесар се сретна и му честиташе на новиот премиер Димитар Ковачевски за новата функција и дискутираа за зајакнување на кохезијата во македонсото мултиетничко општество.
Абдрахманов исто така се сретна и со претседателот Стево Пендаровски, министерот за надворешни работи Бујар Османи, претседателот на Собранието Талат Џафери, Артан Груби, директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Ерин Куртиш и со националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработа, Роберт Алаѓозовски.
„Во претседавањето со ОБСЕ во 2023 година нашата политика ќе биде да ги промовираме приоритетите од заеднички интерес, одразувајќи ја визијата на земјите-членки на ОБСЕ, а одблиску ќе соработуваме и со Високиот комесар за национални малцинства, работејќи на унапредувањето на човековите права и правата на немнозинските заедници.“, напиша на Фејзбук по средбата, претседателот Пендаровски.
На состаноците, Абдрахманов дискутирше за најдобрата практика која се однесува на раководење со различностите, вклучувајќи ги и постојаните напори за имплементирање на Едно општество за сите.
Покрај многуте средби кои ги реализираше Високиот претставник, тој го посети и Универзитетот на Југоисточна Европа, познат и како Штулов универзитет, кој го доби името по првиот Висок комесар за национслни малцинства, Макс ван дер Штул, кој ја иницираше идејата за повеќејазично високо образование во Северна Македонија.
Абдрахманов му се заблагодари на Клеменс Која, шеф на мисијата на ОБСЕ во земјава за неговата работа.