ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Во Крушево одбележан 41. роденден на Тоше Проески, покрената иницијатива 25 јануари да биде национален ден на хуманоста

January 25, 2022 17:54
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Со посета на неговото вечно почивалиште, со роденденска торта, со промоции и музичко-сценски настани во спомен-куќата на „Тодор Проески“ денеска во Крушево на Гумење, беше одбележан 41-иот роденден на Тоше Проески.

Среќни поради неговиот роденден, но тажни поради прославата без Тоше, неговите фанови и поддржувачи од земјава и од Балканот го посетија Тошевото гробно место на Гумење.

За Наум Капричевски, маратонец, битно е да се биде со Тоше и на неговиот роденден, а не само на 16 октомври кога го трчаат маратонот во негова чест.

– Го трчаме маратонот од Нова Градишка од Хрватска до Крушево, на Гумење секој 16 октомври кога Тоше загина во сообраќајната несреќа. Но решивме, битно е да сме на неговото вечно почивалиште и на неговиот роденден, на 25 јануари, изјави Капричевски.

 

Стела Прислан Фујс од Загреб, Хрватска вели дека секој значаен датум е во Крушево, на Гумење, на вечното почивалиште на Тоше Проески. Истакнува дека најтажно е кога се слави роденден на гробно место.

– И денеска за неговиот роденден сме овде, на Гумење. Тоше не е со нас, но ние сме со него. Најтажниот момент е кога мајката на Тоше ја даруваше роденденската торта за синот на неговото гробно место. Тоше е љубов, бескрајна желба и наша икона. Тука сме за неговите и наши спомени. Да се биде денес на Гумење е чест и привилегија, но и тажно. Но, сите знаеме дека Тоше има само ден на раѓање, вели Стела Прислан Фујс од Хрватска.

Повеќето настани за одбележувањето на роденденот на Тоше се одржаа во неговиот Спомен дом на Гумење: традиционалната крводарителска акција, се интерпретираа песните на Тоше, се одржаа промоции на книги, а попладнево е и музичко-сценскиот настан насловен „Ангел си ти“ со настап на камерниот оркестар од Битола и солистите и изведувачи од Македонската опера и балет. Ова е посебно за нас и за сите нови генерации, вели директорката на спомен-куќата „Тодор Проески“, Лефкија Гажоска.

– Спомен-куќата на Тоше е и домот на неговите спомени. И на спомените за Тоше од неговите фанови и почитувачи. Сите настани токму овде ги одржавме во чест на роденденот на Тоше. Тој беше музичар, но и голем хуманитарец. Мило ми е што младите генерации ги почитуваат и усвојуваат неговите морални вредности, вели Гажоска.

За градоначалникот на Крушево Томе Христоски, Тоше беше музичар, но и голем хуман деец. Посочи дека е покрената иницијатива 25 јануари да биде национален ден на хуманоста.

– Решивме дека денот на хуманоста на 25 јануари треба да биде и национален ден на хуманоста. Денеска доделивме пакетчиња во крушевските училишта, ама и поделивме 10 хумаитарни ваучери со еднократна помош за најсиромашните крушевски семејства. Сакаме и оваа година со бројни настани да ги привлечеме фановите на Тоше зашто се навршуваат и 15 години од сообраќајната несреќа кога на 16 октовмри 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска, Тоше го загуби животот, вели Христоски.

Годинава се навршуваат 10 години од отворањето на спомен-куќата на „Тодор Проески“ на Гумење во Крушево. Досега дошле околу еден милион посетители.

извор: МИА
Next Post

„Џонсон и Џонсон“ оваа година очекува до 3,5 милијарди долари заработка од продажба на вакцини

Shortcut

Најново

Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

October 13, 2026

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk