ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бомгартнер: Франција ќе се обиде да го олесни процесот со Софија за побрз старт на преговорите со ЕУ

January 27, 2022 14:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Визијата на Франција, како претседавач со ЕУ, за регионот на Западен Балкан содржи јасни европски перспективи, подразбира да инвестираме во регионот и да имаме заедничка амбиција во наредните децении, изјави францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер, на денешната амбасадорска тркалезна маса „Пристапувањето на Западниот Балкан кон ЕУ: долга, (не)завршена приказна – Одржливост на македонскиот надворешнополитички курс“, во организација на Советот на амбасадори.

Во однос на спорот на Северна Македонија со Бугарија, Бомгартнер рече дека Париз останува мобилизиран и ќе се обиде да помогне за олеснување на процесот со цел поскоро започнување на преговорите со ЕУ. Во контекст на евроинтеграциите тој укажа и на Конференцијата за Западен Балкан во рамки на француското претседателство, што ја најави претседателот на Франција, Емануел Макрон за јуни годинава.

– Конференцијата што е предвидена во месец јуни нема да биде специфична конференција наменета само за проширувањето, но тоа ќе биде централната тема и освен конференцијата за оваа специфична тема, Франција веќе имала во повеќе наврати, поводи и тоа на највисоко ниво да ја покаже својата посветеност и ангажман за унапредување на европската перспектива на овој регион, а особено за европската кандидатура на Северна Македонија и сакаме и продолжуваме да сме активно мобилизирани. Постои тој спор и тие дискусии кои се водат помеѓу Северна Македонија и Бугарија, кои се ветувачки и намерата на француското претседателство со Советот, во тесна координација со сите други европски институции, да се обидеме во соодветниот момент да го олесниме тој процес, за да добиеме она што е наша заедничка цел, а тоа е отворање колку што е можно побрзо на преговорите за членство во ЕУ, рече Бомгартнер.

Тој појасни дека во однос на самата конференција контурите се уште не се дефинирани, нагласувајќи дека се уште се бара најсоодветниот формат за разговор, како и содржината што ќе биде најкорисна.

– Постои француска волја да бидеме дел од една глобална визија во таа европска екипа во Брисел. По француското претседавање со ЕУ ќе претседава Чешка и тоа претседателство има намера да организира исто така самит ЕУ – Западен Балкан. Ќе се обидеме меѓу тие два настани совршено да се координираме. Францускиот претседател зборуваше за конференција, не за самит за Западен Балкан. Темата за конференцијата е тема за која се подготвуваме уште отсега, рече францускиот амбасадор.

Клучна тема, на која Париз и придава значење, додаде тој, е важноста на регионалната интеграција, нешто што е сосема кохерентно со француската стратегија за Западен Балкан, која самиот претседател на Франција ја посакуваше и која пошироко соодветствува со генералниот пристап на ЕУ за овој дел од светот.

– Таа цел е многу важна затоа што има две работи. Првата, забележуваме дека постои недостиг на поврзаност во зоната и не треба да даваме конкретни примери, но фактот што се промовира европската регионална интеграција, значи земјите потесно да соработуваат во регионот, а со тоа се зголемува регионалната стабилност. Втората важна работа е дека регионалната интеграција значи да спроведуваме заеднички проекти, со одредени финансии кои треба да се спроведат со точно утврдени европски правила, според европски норми. Затоа регионалната интеграција е нешто со кое се забрзува прилагодувањето кон правилата на Унијата. Токму во таа перспектива треба да ги реализираме регионалните иницијативи што не значи никаква замена за процесот на пристапување, порача Бомгартнер.

Важна точка, нагласи амбасадорот, е и неопходноста за зајакнување на стратегиската стабилност на овој регион. Во тој дел, наведе тој веќе се спроведуваат специфични активности кои се дел од амбициозен план во европски рамки.

извор: МИА

Next Post

Примени се пациенти во ковид-центарот на Клиниката за кожни болести, во државава хоспитализирани 579 лица со КОВИД

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk