ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

На годишината на ослободувањето на Аушвиц, Бундестагот оддаде почит на жртвите на Холокаустот

January 27, 2022 13:22
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Германскиот Бундестаг денеска им оддаде почит на жртвите на нацизмот, на годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц.

На западната фасада на Бундестагот стои пораката „#Се сеќаваме“, а денеска на седницата на Бундестагот со едноминутно молчење беше оддадена почит за жртвите на нацизмот.

Говор одржа преживеаната од Холокаустот Инге Оербахер, која на пратениците им го раскажа своето искуство откако на седумгодишна возраст била депортирана во логор во тогашна Чехословачка.

 

– Сè уште имам многу јасни сеќавања за тоа мрачно време, време на терор и омраза, рече Оербахер. – За жал, овој рак се врати и омразата кон Евреите се врати во многу земји во светот, вклучувајќи ја и Германија. Оваа болест треба да се искорени што е можно побрзо, порача таа.

Оербахер, која живее во САД во последните 75 години, рече дека била најмладата од околу 1.100 луѓе во возот за Терезиенштат. „Моите родители и јас бевме меѓу ретките што преживеаја“.

За време на обраќањето, Оербахер носеше брош со пеперутка во знак на сеќавање на околу 1,5 милиони еврејски деца кои беа убиени. Таа ги опиша ужасните услови во логорот, кој се користел како транзитен објект за оние кои биле испратени во гасните комори.

– Имаше чести епидемии предизвикани од недостигот на санитарни услови и пренатрупаните услови во кои живеевме. Тифусот беше една од најлошите опасности со кои се соочувавме. Стаорци, глувци, болви, вошки и бубачки беа наши постојани придружници. – Имаше и чести депортации, најмногу за Аушвиц, се сеќава Оербахер.

На свечената седница присуствуваше и претседателот на израелскиот Кнесет, Мики Леви .Тој зборуваше за потребата да се одржува сеќавањето на Холокаустот и жртвите.

– Одржувањето на сеќавањето на Холокаустот е тешка задача што мора да ја преземе секоја генерација одново, рече Леви, зборувајќи за „често неразбирливи“ статистики. „Шест милиони убиени Евреи се шест милиони индивидуални приказни. Приказни за животи кои не се живееле, приказни за луѓе кои повеќе не се со нас, рече Леви, оддавајќи им почит на спомените што ги опиша Оербахер.

„Ги опишавте вашите сеќавања од холокаустот и со тоа создадовте уникатен глас. Овој глас – кој ја покажува моќта на една човечка приказна навистина да продре во луѓето и да комуницира на таков потресен начин“.

– Ви благодариме што го направивте неразбирливото разбирливо, рече тој.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер и канцеларот Олаф Шолц, како и претседателот на Бундесратот Бодо Рамелоу беа меѓу присутните на церемонијата.

Претседателката на Бундестагот Бербел Бас, исто така, одржа говор во кој предупреди против историскиот ревизионизам и етнонационализам.

– Нашата земја носи посебна одговорност што геноцидот на европските Евреи е германско злосторство, но исто така е минато кое е важно за сите, рече Бас. – Не само за Германците, и не само за Евреите, потенцираше таа.

– Заедно со многу други ширум светот, заземаме став за сеќавањето на Холокаустот. Став против ксенофобијата и против антисемитизмот, истакна претседателката на Бундестагот.

27 јануари беше прогласен за Ден за сеќавање на жртвите на националсоцијализмот во Германија во 1996 година.

Секоја година, бројот на преостанатите преживеани од Холокаустот во Германија – и живата врска со едно од најголемите злосторства во модерната историја – продолжува да се намалува. Повеќе од 15.000 преживеани починале во 2021 година, според Управата за правата на преживеаните од холокаустот.

извор: МИА

Next Post

Лампард на уште една средба со челниците на Евертон

EVN

НАЈНОВО

Комисија за култура на СДСМ: Љутков се кити со туѓи перја во Стоби додека удира врз колективниот договор

April 17, 2026

Филипче на панел на ПЕС: Прогресивните сили се последнатa линија на одбрана од авторитарните режими

April 17, 2026
Фото: Скриншот, видео X

Трамп потврди: Ормускиот Теснец е целосно отворен за пловидба

April 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

    Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Силни пораки од протестот на културните работници: Многу лоша улога Министре

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Цаневска: Два месеци недостасуваат клучни лекови, системот во колапс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk