ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Задорожњук: Ги поканувам на соработка сите заинтересирани и нерамнодушни кон судбината на украинскиот Крим

January 27, 2022 18:39
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Амбасадорката на Украина во РСМ, Наталија Задорожњук (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Амбасадорката на Украина во РСМ, Наталија Задорожњук (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Наталија Задорожњук, во интервју говори за извонредно богатата соработка на нејзината земја со Северна Македонија на економски, културен, здравствен, научен и воен план. Украина и Северна Македонија имаат заеднички стратешки определби и интереси. Повеќе од 20 пати поголемата Украина несебично ја пружа својата поддршка на нашата земја во сите значајни области, без исклучок. Во своите изјави, Амбасадорката Задорожњук ја изрази и благодарноста кон Северна Македонија за јасната и цврста поддршка на Украина.

„Имајќи ја предвид моменталната ситуација за време на која се погоди да го направиме ова интервју, би сакала да ја искористам можноста да ѝ се заблагодарам на Северна Македонија и на нејзиниот прекрасен народ за нејзината јасна и цврста поддршка на Украина. Пријателот се познава во тешките моменти“ – изјави Амбасадорката Задорожњук.

Амбасадорката на Украина во РСМ, Наталија Задорожњук (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Амбасадорката Задорожњук во однос на воената и воено-техничката соработка меѓу Украина и Северна Македонија имајќи ги предвид заедничките евроатлантски аспирации и цели смета дека понатамошна соработка во оваа област има добри изгледи.

„Билатералната воено-техничка соработка меѓу Украина и РСМ се реализира во согласност со меѓувладиниот Договор, кој е во сила веќе 20 години. За тоа време, беа реализирани неколку проекти во областа на поправка и сервисирање на авиони и хеликоптери во Украина кои ги користи Армијата на РСМ. Во исто време, имајќи ги предвид заедничките евроатлантски аспирации и цели (Северна Македонија е веќе членка на НАТО, а Украина се надева дека ќе стане членка на Алијансата), сметаме дека нашата понатамошна соработка во оваа област има добри изгледи“, рече Задорожњук.

Во интервјуто амасадорката на Украина, Наталија Задорожњук во врска со соработката меѓу македонските и украинските организации на граѓанското општество и медиумите истакна дека веќе две невладини организации од Северна Македонија се приклучија во нејзините активности.

Фото: Кримската платформа/ МИА

„Платформата има повеќе димензии, вклучително и невладина, на ниво на граѓанско општество и експертска заедница. Воспоставената Експертска мрежа на Кримската платформа обединува украински и странски експерти, научници, активисти за човекови права кои ќе обезбедуваат информативно-аналитичка и комуникациска поддршка за активностите на Платформата. И веќе две невладини организации од Северна Македонија се приклучија во нејзините активности. Се надеваме дека и други македонски експертско-аналитички и медиумски организации ќе можат да се вклучат во соработката со експертската мрежа на Кримската платформа. Користејќи ја оваа прилика, би сакала да ги поканам на соработка сите заинтересирани и нерамнодушни кон судбината на украинскиот Крим. А Амбасадата со задоволство ќе делува во овој случај како еден вид „мост“, истакна украинската амбасадорка.

Целото интервју можете да го прочитате на Фронтлајн.мк.

М. А.

Прочитајте и:

Задорожњук, амбасадорка на Украина: Русите самите провоцираат, напаѓаат, окупираат, убиваат и при тоа чувствуваат „опасност“. Би било смешно да не е толку тажно!

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Висок ирански функционер: Иран ќе продолжи со одмаздата како одговор на американските напади

June 23, 2025

Макрон повикува на воздржаност и враќање на преговори по нападот на Иран врз американска база во Катар

June 23, 2025

Иранскиот напад врз база во Катар ќе влијае на односите меѓу држави од Заливот и Иран

June 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владин функционер со клеветнички напад врз интернет порталот Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Велика Британија го предупредува Иран дека нападите врз американските бази и блокадата на Ормутскиот теснец би биле катастрофална грешка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поскапуваат горивата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лојалност – награда – глупост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk