ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

ДКСК бара од Лекарската комора да го истражи случајот со директорката на Клиниката за педијатрија за рекламирање суплементи на ТВ

January 28, 2022 11:24
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) бара од Лекарската комора на Република Северна Македонија да го истражи случајот со директорката на ЈЗУ Клиника за педијатрија Аспазија Софијанова која рекламирала суплементи на одреден производител на телевизија.

ДКСК која е ненадлежна да постапува по предметот, ќе ја достави пријавата до Лекарската комора и ќе бара да биде известена за тоа што е преземено по оваа пријава.

– При разгледување на предметните наоди цениме дека во постапувањето на наведеното службено лице треба да се земат предвид начелата утврдени во Законот за спречување на корупција и судир на интереси, особено начелото на интегритет од член 4, став 2 според кој службеното лице во извршувањето на јавните овластувања и должности е должен да ги почитува начелата на законите особено во конкретниов случај етичките норми и професионалните стандарди, рече Владимир Георгиев, член на ДКСК.

Образложувајќи го предметот, истакна дека во Кодексот за медицинската деонтологија по членот 87, став 1 се вели дека вршењето на пропаганда на разни санаториуми, институти , клиники, за фармацевтската индустрија, козметика или за одделни здравствени работници не е во согласност со професијата лекар и оти таквите стручни известувања може да се објавуваат само во строго стручни или тесно специјализирани гласила.

– Во ставот 3 се вели дека морално етички не е дозволено лекарот да ги става својата професија и професионалните контакти во функција на граѓанска афирмација и други активности. Во членот 18, став 4 од Кодексот за медицинската деонтологија се вели дека лекарот не смее исто така да се здобива со корист од награда или за пропагирање на фармацевтска, козметичка или други производи од овие области, појасни Георгиев.

Согласно ова, како што посочи, сметаат дека немаат надлежност да постапуваат, бидејќи не се работи за прекршување на членовите од Законот за корупција.

– Дефинитивно сметаме дека овој предмет треба да се достави на надлежно постапување на Лекарската комора на РСМ, имајќи предвид дека единствена надлежност е токму да се грижи и да го следи и надгледува спроведувањето на правилата на медицинската етика и деонтологија и да презема мерки во случај на нивно прершување, рече Георгиев.

Членот на ДКСК Софка Пејовска Дојчиновска дополни дека Лекарската комора покрај директни вакви предмети како дојава, треба да води грижа за севкупното однесување на лекарите во однос на оваа појава – рекламирање лекови, суплементи, храна за деца итн.

извор: МИА

Next Post

На Клиниката за Ортопедија во Скопје за прв пат изведена трансплантација на лигамент од починат донор

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk