Италијанскиот прволигаш Фиорентина го донесе денеска во своите редови 23-годишниот бразилски напаѓач Артур Кабрал, како одговор на заминувањето на Србинот Душан Влаховиќ.
Српскиот репрезентативец вчера потпиша договор со Јувентус, откако изминатите сезони беше најдобар стрелец во редовите на Фиорентина, а и оваа сезона ја предводи листата на стрелци во Серија А со 17 голови, заедно со Чиро Имобиле од Лацио.
Замената на Влаховиќ доаѓа од редовите на Базел и во првиот дел од сезоната е најдобар стрелец во швајцарското првенство со 14 голови.
Трансферот е вреден 14.5 милиони евра.
Кабрал, кој нема настап за бразилската репрезентација, дојде во Базел во 2019 година, а претходно настапуваше за Чеара и Палмеираш.
извор: МИА