ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Милевски: Сите заедно да придонесеме да се стопат разликите меѓу Скопје и Софија

January 29, 2022 13:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Развојот на соработката помеѓу Република Северна Македонија и Бугарија во делот на образованието може да помогне во надминувањето на разликите помеѓу двете земји изјави министерот за локална самоуправа Горан Милевски на денешната конференцијата БГМК2030 „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво“.

Тој упати порака до сите политички, но и општествени чинители, да придонесат „да се стопат разликите помеѓу двете држави“.

– Треба да гледаме она што не поврзува, а не она што се наши разлики. И во таа насока ја поздравувам оваа денешна средба. Пред се, се радувам затоа што бугарските општини во голема мера ги користеа пристапните фондови, ги користат ИПА фондовите за нивен развој. Ова заедничко дружење овде само ќе овозможи да се размени знаењето за да и нашите општини што повеќе ги користат, да се спремат за користење на средствата кога ќе се отворат преговорите и ќе започнеме да ги користиме средствата, претпристапните фондови, бидејќи периодот којшто е пред нас, сите и образовните институции и општините треба максимално да го искористат за привлекувањето на финансиските средства од ЕУ, и за подобрување на условите за живот на сите граѓани, изјави тој.

Милевски додаде дека и во услови на криза двете земји изминатиот период остварија успешна соработка особено со искористувањето на фондовите за прекугранична соработка.

– И навистина во овие изминати периоди кога имаше најзаладени односи општините ги промовираа заедничките проекти коишто во изминатиов период ги имплементираа. Така, што можам да кажам дека ова е едно продолжување на соработката на општините, но се надевам дека ќе се продлабочи, бидејќи сега следува ИПА З периодот на искористување на средствата, заклучи министерот.

Тој аплираше до градоначалниците и до образовните институции од двете земји да соработуваат и заеднички за аплицираа за проекти од европските фондови.

Претседателка на Клубот на млади во Собранието, Моника Зајкова потенцира дека денешната конференција има за цел да ја покаже важноста на граѓанскиот придонес во зајакнување на соработката особено од аспект на помладата популација.

– Сега не е време да молчиме, ниту како млади луѓе, ниту како политичари за придобивките коишто можеме да ги имаме од соработката како граѓани на двете земји. Како пратеник во Парламентот и координаторка на Клубот за младински прашања и политики, инсистираме на соработка во делот на парламентите, односно младите пратеници помеѓу себе со цел унапредување на дијалогот затоа што на сите ни е од интерес да го унапрдиме пред се животниот стандард на оние коишто треба да ја градат иднината во двете земји.

Конференцијата БГМК2030 „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво“ има за цел да поттикне дебата за моменталната состојба помеѓу двете држави, предизвиците и можностите за граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво и се одржа во организација на Renew Europe и АУЕ-ФОН.

извор: МИА

Next Post

(ВИДЕО И ГАЛЕРИЈА) Арсовска доби подарок тоалет и шахта

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk