ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Фрчкоски: Не може да има споделена одговорност, Владата треба да знае дека она што го прави е добро

January 31, 2022 10:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарската позиција околу проблемите со Македонија во последниве месеци драматично се промени со тоа што историјата е ставена во втор план. Од застарената националистичка политика, сега Бугарија се враќа на Копенхашките критериуми како услов за почеток на преговорите.

-Кај нас работата се одвива обратно. Сега кога малку се олабавија работите, оние кои постојано молчеа сега почнаа да реагираат. Станува збор за токсична политика која е само антивладина и не станува збор само за десничари туку и за т.н. левичари, вели проф. д-р Љубомир Фрчкоски, декан на Правниот факултет на ФОН за Утрински брифинг.

Тој за предлогот на Антонио Милошоски сите работи околу спорот да се дебатираат во Парламентот ја оценува како обид за забавување на целиот процес. Фрчкоски вели дека преговорите се работа на извршната власт, а кога работите ќе се доведат до крај тогаш може да се дискутира во Собранието.

Фрчкоски, како еден од творците на Уставот, за отворањето на Уставот вели дека власта има чувство на одговорност па и на вина спроведувајќи една тешка задача.

-Едноставно, не може да има споделена одговорност. Тие треба да знаат дека она што го прават е океј и да продолжат така. Таков беше пристапот на Заев кон Преспанскиот договор. Чувството на тежината на задачата не смее да ја попречи извршната власт, вели проф. Фрчкоски за Утрински брифинг.

Според Фрчкоски, она што ќе треба да се реши соодветно брзо е прифаќање на решенијата 4+1 – став околу јазикот, да биде споменат како македонски, прашањето околу користењето на терминот „бугарски фашистички окупатор“, ставот околу двојното име, што се заврши со нотата до Обединетите нации. Опозицијата гледа дека оваа приказна е успешна и сега сака да ја отежне работата со барањето за вонредни избори во јуни. Владата во меѓувреме ги решава економските проблеми и тоа ја вознемирува опозицијата. Добра е тезата на Владата таа работа со отворање на Преамбулата на Уставот да биде за 10-15 години, вели Фрчковски.

Тој коментира дека побарувачката на различни заедници за влегување во Уставот е многу голема и треба да видиме кој сѐ смета дека треба да влезе во Уставот како делови од народи и малцинства. Кај нас се користи политички кореектни термини како „дел од народ“ или „етнички заедници кои не се мнозинство“. Терминот „дел од народ“ не би можел да функционира како термин само за Ромите и Власти, оти нема држава во околината во која тие се мнозински народ.

Отворањето на Уставот повлекува и други барања поврзани со Уставот. Отварањето на Уставот е тешка работа и не може да се прави во секое време. Според Фрчкоски добро е сите барања поврзани со Уставот да се стават наеднаш на маса и да се реши таа работа.

-Албанците со барањето за укинување на квотата 20 отсто, сакаат да постигнат рамноправност на албанскиот и македонскиот јазик. Но, не може сега да се менува Охридскиот договор. Дури сега ќе видат Македонците колку за Македонците е добар тој Охридски договор, вели Фрчкоски.

Националистичкиот бран ќе спласне по решавање на 4+1 и промената на Уставот ќе помине релативно брзо.

 

Next Post

Тренечевска во интервју за МРТВ: Со Сојузот на синдикатите на Македонија денеска ќе разговараме за зголемување на минималната плата на 18.000

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk