ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Министерството за одбрана се грижи за доследно почитување на законските одредби од Законот за заштита и благосостојба на животните

January 31, 2022 13:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со оглед на интересот во јавноста за огласот за продажба на кучиња и шпекулациите кои се појавија во врска со ова прашање, а за да се разрешат сите дилеми, Министерството за одбрана ви испраќа детална информација.

Министерството за одбрана на 28 јануари објави Јавен оглас за продажба на кучиња, кој јавно и транспарентно може да се види на веб-страницата на Министерството. Огласот е објавен во согласност со воспоставената пракса за отуѓување на кучињата кои го надминуваат бројот на потребните кучиња зa потребите на Армијата и на другите институции.

Потребата за продажба на овие кучиња е поради поголемиот прираст кој минатата година го имаше Центарот за обука и дресура на кучиња,  кој е дел од Армијата на Република Северна Македонија и кој е задолжен за обезбедување на државните институции согласно нивните потреби.

Кучињата кои се огласени на продажба не се тренирани, а одлуката за нивна продажба е донесена врз основа на проценка на организационите единици задолжени за тоа.

Имено, Министерство за одбрана има природен прираст на кучиња од сопствените легла. Кучињата кои се потребни за Армијата и другите државни органи се распределуваат низ единиците или на другите институции со одлука на Владата, додека бројот на кучиња кој ги надминува потребите се објавува за продажба со јавно наддавање.

Ваков вид јавен оглас за продажба на кучиња Министерството за одбрана објавувало и претходно и зависи од прирастот и потребите на останатите државни институции. Претходниот оглас за продажба на кучиња е објавен во 2016.

Министерството за одбрана се грижи за доследно почитување на законските одредби од Законот за заштита и благосостојба на животните.

Со цел обезбедување на правилна грижа на животните кои ги продава, во договорот за купопродажба има одредба во која се задолжува купувачот да посвети потребна грижа за животното и да ги почитува одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животните.

Продажбата на кучињата има пред сè хуман аспект, тие да добијат соодветен дом и грижливи сопственици.

Употребата на терминологијата во огласот се должи на потребата да се примени законската терминологија од чии рамки Министерството не може да излегува.

​

Next Post

Пендаровски – Пич: Стартот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ ќе внесе дополнителна предвидливост и стабилност на Западниот Балкан

Shortcut

Најново

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk