ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Видео од мајка со синџир околу вратот предизвика бес и шок во Кина

January 31, 2022 16:34
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Видео од мајка на осум деца, затворена во селска колиба, со синџир околу нејзиниот врат, предизвика бес и шок во Кина, јави Би-Би-Си.

Видеото го направи и објави на ТикТок лицето чиј налог се вика Дојин (Douyin), а го снимил кога ја посетил жената, по што е видно вознемирен од тоа што го гледа. Откако ѝ носи топли алишта, тој поставува неколку прашања, но таа не е во можност да му одговори.

Откако видеото се прошири, кинески граѓани бараат властите да интервенираат и да ѝ помогнат на жената.

Многумина дискутираат околу насилството врз жените и нивните лимитирани права во руралните средини низ Кина. Се поставуваат и прашања во кои услови жената ги родила осумте деца.

На загрижените не им е јасно како ова им побегна на локалните власти, со оглед на тоа што Кина има строги ограничувања кога е во прашање планирање на семејството.

На видеото се гледа жената зашеметена и не може да сфати што човекот ја прашува. Тој пак, неколку пати ја прашува дали ѝ е студено. Таа носи алишта кои не се доволни за да ја заштитат од студените зимски температури.

Поединци го споредуваат случајот со кинескиот филм од 2007, со наслов „Слепа планина“ (Blind Mountain), кој ја раскажува приказната за млада жена, киднапирана и продадена во ропство.

Властите тврдат дека не станува збор за киднапирање. Тие сега започнаа истрага за сопругот на жртвата. Според нив, жената е во болница на лекување, а децата се земени под државна грижа. На жртвата, додаваат, неодамна ѝ била дијагностицирана шизофренија.

Онлајн дискусијата за случајот е силно цензурирана откако се разгоре во петокот, јави Би-Би-Си. Властите отстранија многу објави, на кои се разговараше за трговија со луѓе.

извор: МИА

Next Post

Тренчевска на средба со Организацијата на работодавачи: Дијалогот за минималната плата меѓу засегнатите страни почнува во среда

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk