ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ЕБОР ѝ помага на Северна Македонија во развивање на упатство за управување со еколошко- општествени и управувачки аспекти

Во 2021 година, во Северна Македонија ЕБОР одобри кредити во износ од 134 милиони евра. До денес има инвестирано над ЕУР 2,2 милијарди во земјата. 

February 1, 2022 12:31
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонската берза (МБ) го објави првото упатство за управување со еколошко-општествени и управувачки аспекти за компании кои се котираат на берзата, креирано со техничка помош на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Одржливото известување стана клучен елемент во развојот на современите пазари на капитал. Растечкиот притисок од креаторите на политиките, регулаторите и институционалните инвеститори уште повеќе ги поттикнува глобалните финансиски текови кон одржливи инвестиции. Ваквиот раст бара поголема транспарентност околу објавувањето извештаи на компаниите кои тргуваат, за справување со еколошките, општествените и управувачките ризиците. Превземањето на активности за ублажување на глобалните предизвици, како што се климатските промени и загуба на биодиверзитетот никогаш не биле поважни.

Упатствата подготвени во соработка со одржливите консултации со Стјуард Редквин, се согласно националната легислатива, одредбите на одржливо финансирање на Европската Унија (ЕУ), како и најдобрите меѓународни пракси. Тие го земаат предвид и растечкиот развој на праксите на известување за еколошките, општествените и управувачките аспекти во Северна Македонија. Истите се надградуваат врз Кодот за Корпоративно Управување на компаниите кои котираат, а кои се развиени од Комисијата за хартии од вредност на Северна Македонија, објавени во октомври 2021 година, кој дава поширок преглед на контекстот и праксите на известувањето поврзани со горенаведените аспекти.

,,Упатствата на Македонска берза треба да бидат практична алатка за компаниите кои котираат на берзата, во однос на објавување на информации од еколошко-општествените и управувачките аспекти, а кои се согласно Кодот за Корпоративно Управување и најновите меѓународни стандарди во оваа област,” изјави Иван Штериев, Главен и Извршен Директор на Македонска Берза. ,,Овие упатства се креирани за да им помогнат на компаниите кои котираат на Македонската Берза, во нивната интеракција со инвеститорите, со цел да им помогнат да разберат како интерно да се справат со истите како со клучна компонента во релациите со инвеститорите и како да управуваат со факторите и ризиците поврзани со истите, но и да им помогнат во стекнување поголема транспарентност, која доаѓа како бенефит на нивната посветеност околу истите.”

,,Посветени сме да продолжиме да ја поддржуваме земјата во нејзината транзиција кон помалку јаглерод и кон економијата на отпорност на климатските промени,” изјави Анди Аранитаси, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија. ,,Силно сме посветени кон подобрувањето на стандардите на корпоративно владеење во земјата и ни претставува задоволство што по одобрувањето на подобрениот Код на управување наменет за компаниите кои котираат на Македонската Берза, подготвен со поддршка на ЕБОР, Македонска Берза го публикуваше и Упатството за еколошко-општествени и управувачки аспекти, со што им помага на компаниите во Северна Македонија во натамошното управување и доставување извештаи.”

,,Глобално, има растечка побарувачка за конзистентни и компаративни еколошки, општествени и управувачки аспекти на работењето на компаниите, бидејќи инвеститорите с# повеќе бараат долгорочни вредности и усогласеност со одржливоста и целите поврзани со климатските промени,” изјави Веселина Харалампиева, Виш Советник во Програмата за правна транзиција на ЕБОР. ,,Бидејќи Северна Македонија продолжува во својот пат кон ЕУ членство, од суштинско значење е да се усогласи националната регулатива и пазарните пракси со рамката на одржливост на ЕУ и најдобрите меѓународни пракси. Новите упатства ќе го зголемат сознанието на котираните компании за ваквите пракси и поддршката во нивниот пат кон еколошките, општествените и управувачките аспекти на работење.”

Македонската Берза има силна улога во олеснување на протокот на информации околу еколошко-општествени и управувачки аспекти на работење помеѓу компаниите и инвеститорите, со зајакнување на транспарентноста, обезбедување на упатства и услуги, како и зголемување на осознаеноста на клиентите и акционерите на пошироко ниво.

Минатата година ЕБОР помогна околу развивање и публикување на упатствата за известување за еколошко- општествените и управувачки  аспекти на Варшавската Берза 

Во 2021 година, ЕБОР инвестираше ЕУР 134 милиони во Северна Македонија. Од почетокот на активностите во земјата од 1993 година, Банката има инвестирано над ЕУР 2,2 милијарди во 154 проекти во земјата, со значајно финансирање преку грантови кое го мобилизира и до денешен ден. Заедно со целите на ЕБОР за зголемување на зелените финансии, 61 отсто од инвестициите во Северна Македонија беа во  таканаречените зелени проекти.

Next Post

Шаќири: Дослeдно да ги почитуваме протоколите, за успешно реализирање на наставата со физичко присуство

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk