ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

На Али Ахмети му прекипе!

„Цврстината“ на функционерските инсталации на ДУИ, во смисла на почитувањето на хиерархијата и координацијата, секогаш биле „понепробојни“ од опуштените партиски структури дури и на ВМРО-ДПМНЕ, а не па на пословичната лабавост на СДСМ. Кај ДУИ нема трте-мрте каков договор и да треба да се искоординира или спроведе, бидејќи не еднаш е кажано дека тие директно му одговараат на Али Ахмети прво, а потоа, ако баш мора, на утврдената државна номенклатура.

February 2, 2022 09:03
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

На Али Ахмети му прекипе! Доста му е веќе и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ постојано (и со години) да ја обвинуваат ДУИ за вклученост на нејзини функционери и локални и државни раководители во криминали и корупции, да ги озборуваат пред меѓународната заедница, да ги офираат по медиуми и прес-конференции, а во сите тие години да нема НИТУ ЕДЕН случај во кој се докажани ваквите тврдења.

Навистина, г-динот Ахмети, формално правно, е во право. Во Македонија никогаш функционер на ДУИ не е осуден за дела од областа на покрупниот, организиран криминал и корупција. Имало судења (некои се во тек) за кривични дела поврзани со изборни измами или нарушувања на јавниот ред и поредок, се воделе постапки за разни недозволени употреби на калашњикови и пиштоли во разни славеничко-пресметувачки прилики, физички пресметки и закани, фалсификати на документи и сл., но никогаш никој нивен функционер не бил докажано фатен во покрупни кривични дела за поткупи, крадења на државни имоти, милионски перења пари, сомнителни оф-шор сметки итн.

Заклучокот е јасен: и покрај тоа што се 20 години инкорпорирани, длабоко „вкопани“ на сите вертикални и хоризонтални нивоа во власта, ДУИ не е партија којашто се занимава со криминал и корупција, туку само се грижат за спроведување на националните интереси на етничките Албанци и, по тој редослед, за државните интереси на Македонија. Точка.

Или, сепак, не?! Хмммм…

Историски, заради познатите околности („граѓани од втор ред“), Албанците две децении беа исклучени од крупните махинации и криминали поврзани со процесот на приватизација во државава, во времето кога крупниот капитал во Македонија „менуваше раце“. До неодамна ги нема(ше) ни во окрупнувањето на банките (без кои тие далавери не можеа да се прават). Додека етничките македонски политичари и денеска се препукуваат за потеклото и бенефитите од тоа „примарно зло“, Албанците, вредно и макотрпно, со децении се обидуваа своите претприемнички бизниси да ги потпрат врз семејните заштеди и помошта од работливата дијаспора. Да, често и во „сивите зони“ на официјалната економија, но ретко со државна или банкарска помош, барем во првите две децении од осамостојувањето. Впрочем, ни во „македонскиот камп“ нема разрешница за дузини сомнителни случаи и обвиненија за милионски криминали од тие времиња, а и она што е сѐ уште во процес на истраги и судења, благодарение на познатата обвинителско-судска ефикасност, кај и да е, наскоро правно ќе застари.

А, на времето, некои обвинители во СЈО ме уверуваа дека во обработката на илјадниците прислушувани разговори од богатото криминално „наследство“ што ни го остави екипата на ВМРО-ДПМНЕ на „селекторите“ Груевски-Мијалков, инкриминирачки разговори на функционери на ДУИ – наводно – речиси и да нема! Нивните телефонски разговори се исцрпуваат на небитна комуникација и договори за физички средби, и за политички и за бизнис теми. Значи, индиции за крупни криминали – јок! … „Тоа – ми вели еден Албанец, истражител на СЈО – е наследство од навиката на Албанците дека нивните телефонски разговори отсекогаш биле ‘мониторирани’ од државата, уште од времињата на УДБА, па во телефонските комуникации никогаш ништо важно не се соопштувало. И кога имало криминали, тие секогаш се договарале во ‘четири очи’, во безбеден амбиент.“

Од друга страна, „цврстината“ на функционерските инсталации на ДУИ, во смисла на почитувањето на хиерархијата и координацијата, секогаш биле „понепробојни“ од опуштените партиски структури дури и на ВМРО-ДПМНЕ, а не па на пословичната лабавост на СДСМ. Кај ДУИ нема трте-мрте каков договор и да треба да се искоординира или спроведе, бидејќи не еднаш е кажано дека тие директно му одговараат на Али Ахмети прво, а потоа, ако баш мора, на утврдената државна номенклатура. Легендите за ваквите стереотипи велат дека се тие најнапред „војници на партиската кауза“ (и сѐ што подразбира тој интерес), а потоа граѓани со одредени државни задолженија во институциите. ВМРО-ДПМНЕ може да сонува за таква лојалност, а СДСМ ни на сон не би можел да ја постигне.

А потоа на ред доаѓа целата мрежа од функционери и нивната партиска клиентела „пропорционално застапена“ во сите државни, независни и пара-државни институции, вклучувајќи ги и истражните и обвинителско-судските структури, кои секој обид за поведување постапка или прибирање докази за евентуални сомневања за крупен криминал и корупција, навремено го дојавуваат, го блокираат, го развлекуваат, го релативизираат и, генерално, го опструираат до точката во која напорите за откривање или докажување криминали стануваат бесмислени.

Впрочем, албанската опозиција за тоа објавува „томови“ обвинувања и, џабе, на секои избори повторно излегуваат победени од ДУИ. Како политичка „сол на таа рана“ се „зелените агенди“, „Тиранските платформи“, „Албанец-премиер“ и сличните досетки со кои ДУИ редовно ги забавува во предизборните кампањи.

Во крајна линија, ако нешто и успее да го пробие овој „Кинески ѕид“ од недопирливост и заштита, следуваат политичките пазарења на највисоко ниво, каде се знае: нема влада на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ која политички може да преживее ако ДУИ реши да излезе од неа. А, зошто така, кога соработката може да биде обострано продуктивна, на задоволство на сите во власта! А, и „странците“ редовно се согласуваат со тој исход – дури и кога ќе промрчат нешто во своите здодевни годишни извештаи за ова-она –  бидејќи стабилноста на државата им е секогаш поважна од демократијата. И така со години, еве веќе две децении.

Затоа е Али Ахмети во право кога, со чувство на прекипеност, бара ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да престанат со празни и злонамерни обвинувања против ДУИ. Целата докажлива аргументација е на негова страна. Молам!

 


Преземено од ЦИВИЛ. Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

Укината забраната за камиони на Ѓавато и кај Мавровска крстосница

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk