Новак Ѓоковиќ беше протеран од Австралија откако пристигна во земјата за да игра на Австралија опен и се обиде да ја освои својата 21. Грен слем титула. Причина за депортацијата било тоа што српскиот тенисер не бил вакциниран.
По 11 дена правни битки и препукувања, Новак беше протеран од Австралија и сега одмара во Србија и се подготвува за нови тениски предизвици. Српскиот тенисер сè уште не е вакциниран, па останува да се види дали ќе може да игра и на други турнири во сезоната, од кои повеќето бараат вакцинација, исто како и Австралија опен.
Ова ги вклучува сите други Грен слем турнири и како што засега стојат работите, Новак изгледа не може да игра на Ролан Гарос, Вимблдон и УС Опен без сертификат за вакцинација. Сепак, Србинот наскоро би можел да добие потврда дека е вакциниран на единствениот правилен начин, со вакцинација. Даниел Мукш, авторот на биографијата на Новак, тврди дека српскиот тенисер го променил ставот и наскоро ќе се вакцинира, пренесува Јutarnji.hr.
„Според она што може да се слушне од неговата околина, Новак допрва ќе се вакцинира. Можеби за ваквата одлука придонесе и финалето од Мелбурн и 21. Грен слем титула што ја освои Рафаел Надал“, изјави Мукч за ТВ Сервус.
Мукч понатаму тврди дека на Новак му пречело испадот на неговото семејство за време на драмата во Австралија, но дека никогаш нема да му се спротивстави на својот татко.
„Ѓоковиќ никогаш јавно не би му се спротивставил на својот татко затоа што така е воспитан, но од друга страна, тој дефинитивно не го одобрува она што се случи во Белград за време на лудите денови во Мелбурн. Нивната врска е толку блиска“, вели Мукч.
извор: Јutarnji.hr












































































































