ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: И во ДКП-ата во Австралија се инсталирани базни станици за вадење патни исправи

February 2, 2022 14:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните да не чекаат јуни или јули за вадење патни исправи, зашто тогаш повеќето тогаш одиме на одмор, па се прават гужви и чекањето е долго. Навреме да проверуваат дали им се истечени и со време да поднесуваат барања за да им бидат издадени нови, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Лани, истакна Спасовски, прв пат во изминатите 30 години, од мај до септември месечно се издавале по 44.000 – 46.000 патни исправи што е огромно оптоварување и ги надминува сите капацитети за работа на МВР.

Пред собраниската Комисија за европски прашања министерот информираше дека во нашите дипломатско-конзуларни претставништва во повеќето европски земји, но и во Австралија, веќе се инсталирани базни станици преку кои иселениците без проблем може да вадат патни исправи.

Спасовски напомена дека за издавањето лични документи во дијаспората надлежно е МНР, а не МВР. Сега, дополни, и постапката е многу поедноставена.

-За издавањето лични документи во дијаспората надлежно е МНР, а не МВР. Издавањето се врши преку ДКП-ата. Тоа беше најголем проблем, но во најголем дел е надминат, зашто МВР пред извесно време набави базни станици, фиксни и мобилни, кои се инсталирани во ДКП-ата. Набавени се толку колку што беа побарани од МНР. Дополнително, сега, има ново барање од МНР за ваква базна станица. Една е веќе инсталирана во ДКП-ата во Австралија и таму граѓаните можат да добиваат термин, како и директно да ги даваат своите биометрсики податоци, а МВР го прави производството на патните исправи. Со министерот Бујар Османи изготвивме посебно упатство како да ги враќаме патните исправи кај граѓаните зашто тоа досега беше многу комплицирано. Се праќаа тимови од МНР, со мобилна базна станица, ќе одеа да ги завршат сликањата и земањата на биометриските податоци, па се враќаа во државата. Ќе ги произведат пасошите па повторно одеа назад за да ги достават. Бевме држава што најмногу заостануваше од сите овие аспекти, рече Спасовски.

Според него, базните станици и целата опрема се набавени за 500.000 евра што е минимум финансиски средства во однос на она што било претходно трошено во МВР.

-Само во 2016 година, кога станав министер, наследив 40 милиони евра долг од моите претходници за опрема за прислушување. Мора да се посветиме на решавање на многу проблеми кои се во интерес на граѓаните и да се зголеми бројот на базни станици кои би биле поставени во сите држави каде што имаме наши граѓани. Тоа го направивме во најголемиот дел од европските земји. Сега ќе почне набаваката на дополнително базни станици. Очекувам се да биде онлајн поврзано со МНР и МВР за да можеме да ги издаваме побрзо патните исправи и за граѓаните во секое време да можат да извадат патни исправи, подвлече Спасовски.

Тој со ова всушност му одговори на пратеникот Мирче Аџиоски кој укажа дека повеќе наши иселеници од Австралија цела година не можат да извадат нови патни исправи.

Извор: МИА

Next Post

Промовирана книгата „Застапеност на психолошкото во законот за детска заштита на Северна Македонија“

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk