ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Непристојните забелешки кон министерката за одбрана како ферментиран отпор кон Преспанскиот договор

February 3, 2022 08:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
MИА

MИА

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Љубомир Костовски за Вистиномер

 

Грижливите читатели на медиумите, вклучувајќи ги тука и оние кои не се во мејнстрим ареалот, веројатно досега забележале дека критичарите на Преспанскиот договор ретко кога го ставале овој документ во контекст на една од придобивките со овој чин: влезот во НАТО, како неспорен огромен чекор на земјава кон својата безбедност. Нормално, се очекуваше дека тоа ќе го забрза и нашиот пат кон ЕУ, но за тоа што истото не се случи, постојат многу надворешни причини, а ниту една за каква било форма на злорадост, која се забележува кај новинарите и уредниците, водителите на т.н. трибини или пак и интервјуа во кои се констатира онаа реторичка патерица – „жртвувавме многу, а не добивме ништо“.

За да не излеземе од контекстот на темата, да појасниме дека зад оваа „дефиниција“ се крие матрицата на критиката на најголемата опозициона партија кон политичкиот противник во стилот „дадовме – не добивме“, при што секогаш се криело како цел името на НАТО! Ова заради голиот факт дека споменувањето на воено-безбедносната организација го расипувало впечатокот.

Практично – ние како мала и незаштитена земја, со привремено име кое најмалку значи потврда на идентитетот, со влезот во НАТО направивме комплетна заштита на својот идентитет и ја отстранивме опасноста по своите граници, што е основа за комплетна деструкција на тезите на оние „кои го бранат името“.

Во одреден момент, што на некој аналитички центар му се чинел најдобар, белким не заради некакво дневно пролизгување, името на НАТО се издвојува во дневниот вокабулар во делот од јавно мислење, кој се уште не е сигурен дали е за или против нашето членство во Алијансата. И тоа преку критика, или поточно – исмејување на новопоставената министерка за одбрана. Но, заради кои околности:

се одбегнува вклученост на опозицискиот политички врв во критиката, а акцијата се остава на веќе познати медиумски кербери со нивниот препознатлив уличен вокабулар;

акцентот се става на изместена цел: не се критикува колективната безбедност на земјата во пазувите на НАТО, туку таа, безбедноста, се става наспроти една велесила – Русија. При ова се истопорчува нашата маленкост, со што пак, се избегнува директното споменување на НАТО како стожер на одбраната, па се прави слика за нашата небезбедност и тоа во карикатурални формати од типот „Славјанка против Путин“!

да се обезвреднува една независна држава како Украина (во дефиницијата за независна држава влегува и изборот на надворешните партнери, нели), а да се отвора широк простор за постоењето на претставата за „мајка Русија која ќе ги обедини сите Словени“.

Оваа добро смислена тактика, добра секако како форма на лесно освојување на јавното мислење, кое и онака е форматирано за критика на оваа власт, претходно и како опозиција, но сега и како дел од дизгините на правата и обврските на членство во колективитети од типот на Алијансата, ама и ЕУ, каде, исто така, извираат не само права (пари од разни фондови, на пример) туку и обврски;

А министерката Славјанка Петровска со својата изјава, предмет на гореспоменатите исмејувања, само го рече она што е вистина. Таа во ијзвата за ТВ Телма истакна дека „целосно го поддржуваме територијалниот интегритет на Украина“ и потоа додаде дека „како членка на НАТО ја поддржуваме и се залагаме за политиката на отворени врати и правото на секоја земја, па и на Украина за самоопределување“. Потоа додаде дека преку каналите за комуникација со НАТО сме во тек со дипломатските обиди за решавање на спорот.и дека тие напори, на преговорите, се поздравени и поддржани од наша страна.

Во основа, кај неа посебно внимание предизивикува овој дел на една нејзина изјава (одново за Телма):

Ангажманот на нашата Армија, како и на армиите на сите други земји членки на НАТО, се дефинира на конференциите за генерирање на сили кои конкретно за оваа тема се одржуваат под координација на Врховната команда на сојузничките сили на НАТО во Минск. На овие конференции секоја земја членка става на располагање сили, единици или опрема согласно сопствените можности. Во овој момент, нашата армија како дел од тие структури има обврска и веќе изготвува анализи за можностите за потенцијално наше учество, односно ангажман. Одлуката за евентуално учество е пропишана во која процедура се носи, тука е потребна одлука на Владата. Таквата одлука сè уште не е донесена, истакна Петровска.

Одеднаш, преку веќе споменатите критики или поточно – злобни, цинични изјави, тоа се ротира во некаква варијанта, која како конструкт гласи – „ние мислевме дека НАТО ќе не брани нас, а не ние НАТО!“. Таа размисла ги разоткрива противниците на Преспанскиот договор и влезот на земјава во НАТО, како и нивната неможност или несакање да разберат дека членување во мултилатерална меѓународна организација со себе носи и права и обврски. Да не говориме за фактот дека за нас е многу подобро ние да браниме некого, отколку да се најдеме во ситуација да бидеме нападнати, па да треба НАТО да не брани нас.

 

Next Post
Фото: Фронтлајн

Во Маврово половина метар снег, на Попова Шапка 38 сантиметри

Shortcut

Најново

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk