ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Прво омраза и дискредитација, а потоа повторување на истите ставови

February 3, 2022 09:32
in ZOOM IN, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Политичарите и партиските ботови на македонската националистичка десница ја нападнаа новата министерка за одбрана Славјанка Петровска по сите основи, уште првиот ден. Нападот беше препознатлив по својата грубост и вулгарност, и на политичка и на лична основа, вклучително и на родова основа. Во првиот „поздравен“ бран на нападот немаше некоја посебна содржина, а најмалку некој облик на аргументирана критика.

Прво напаѓаат

Уште не беше поминат првиот бран на омраза со поддршка на гнасните објави на социјалните мрежи (Фејсбук и Твитер), кога темпото на омразата и дискредитацијата се засили уште повеќе. Министерката Петровска даде изјава (24 јануари, ТВ Телма) за македонските национални интереси и безбедноста во контекст на руско-украинската криза. Во изјавата, таа ја изрази поддршката на нашата држава за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Тогаш, нападот доби „повод и содржина“. Десничарите се нафрлија на оваа изјава, повторно без аргументи, туку со манипулирање на изјавата до непрепознатливост. Забележливо во организираната хајка против Министерката за одбрана беше крајното потценување на капацитетите на сопствената земја, а глорифицирање на руската воена моќ.

Потоа ги повторуваат истите ставови

Девет дена подоцна (2 февруари, ТВ 21), високиот партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, излезе со истите ставови. Навистина, со благо релативизирање, во смисла, „треба да го следиме ставот на САД“, но сосема јасно дека Северна Македонија „треба да го поддржи територијалниот интегритет на Украина“.

Не е првпат десничарските политички ентитети, чии јавни настапи и дејствувањето на теренот се одликуваат со национализам и антизападна ориентација, да „играат“ на овој начин. Во стратешки важни моменти за државата, тие или замолкнуваат (немаат став) или „на мала врата“ ќе ја протнат својата поддршка за македонските национални интереси. Недоволно и нејасно, криво-лево, но „го коригираат курсот“.

Шемата е јасна

Се разбира, тоа „коригирање“ редовно доаѓа откако ќе ја кренат рачната кочница и ќе го истурат сиот свој гнев и несогласување претходно. Поточно, откако ќе направат што е можно поголема штета, ќе ја контаминираат јавната комуникација. И откако политички ќе профитираат на сметка на демократијата и на националните стратешки определби и интереси. Тие практично никогаш не се мета на гнев и омраза (освен кога меѓусебно се пресметуваат), без оглед на тоа колку нивните ставови се совпаѓаат со оние што претходно предизвикале бран на негативна пропаганда. Шемата е јасна и препознатлива со години наназад.

Важно е да се напомене дека ова е само еден пример и дека во прашање се неколку политички партии од кои ВМРО-ДПМНЕ е само најголемата и најбогата. Факт е дека сите тие имаат заеднички именител во национализмот и антизападната ориентација. И имаат пропаганда чие главно оружје се дезинформациите и ширењето на омраза, несигурност и страв.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Дејвид Бекам за Викторија: 25 години, секој ден јаде риба на скара и зеленчук

НАЈНОВО

СДСМ: Во кое својство Орце Ѓорѓиевски го отвори Скопскиот маратон?

October 5, 2025
ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

October 5, 2025

Меџити и архитектот Бајрам Вардар го претставија Мастер планот за Чаир

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Еве 11 домашни суштиски промени за кои не беа потребни децениите кои ги бара Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk