Вечерва, со почеток од 21:15 часот, на Националниот сервис МТВ1, во емисијата Стисни Плеј се оддржа Националниот избор за песна на Евровизија во кој зедоа учество шест изведувачи.
Во студиото, секој со својот тим, беа шестмината музички претставници кои трпеливо го очекуваа главниот миг – Кој ќе победи?
Изборот беше до последниот миг неизвесен, затоа што песната на Андреа и на Виктор Апостоловски беа со изедначени бодови, но пресудни беа поените од жирито.
Победничка на изборот е Андреа со песната „Circles“; која е целосен производ на продуцентот Александар Масевски.