ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Калеска Ванчева: СДСМ поддржува една избоaрна единица, за промени на Изборниот закон потребен е консензус постигнат низ вистински дијалог во Собранието

February 4, 2022 00:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Ставот на СДСМ е одамна познат, тој е јавно и програмски искажан, дека ние се залагаме за една изборна единица и сметаме дека тоа е потребно и за нашата парламентарна демократија, истакна пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева, во емисијата „24 Анализа“ на ТВ24.

Таа нагласи дека имајќи ги во предвид сите општествено-економски услови и степенот на развој на демократијата, многу посоодветно би било да има една изборна единица.
Исто така, познат е нашиот став дека за било која промена на изборниот закон особено за крупни промени, како што е оваа, неопходно е да имаме консензус, рече Калеска Ванчева, додавајќи дека покрај легалност, треба да се обезбеди легитимност, бидејќи изборниот законик е за спроведување на фер и демократски избори, во кои сите чинители ќе имаат еднакви можности во таканаречената трка за власт.
Како што се одвиваат настаните и како што се се погласни оние кои се залагаат за промена на изборниот модел, покажува дека е созреано времето да се отвори вистински дијалог, а вистинското место, каде што треба да се водат сите разговори е собранието, рече Калеска Ванчева.
Таа додаде дека промената на изборниот модел  е крупен чекор и сите политички чинители особено оние кои се претставени во парламентот, мора да седнат заеднички и низ заедничка дискусија, онака како што доликува на парламент, сите заедно во една деловничка постапка да го отворат прашањето и да дојдат до нешто што е заеднички именител.
За вакво прашање неопходно е да има вистинска расправа, во која ќе бидат вклучени и експерти и независни луѓе кои имаат експертиза, секако сите политички чинители, да се слушне гласот на јавноста, на експертите, јавно да се споделат искуствата и теоретски и практични и на крајот сите да дојдеме до заклучок дека тоа е тој модел што и е потребен на нашата држава, во тој случај секако дека тогаш би го поддржале, истакна Калеска Ванчева.
Во врска со обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ се плаши од крупни чекори, Калеска Ванчева нагласи дека СДСМ докажала и докажува дека не само што не се плаши, туку ги прави најкрупните чекори и ги отвора најгорливите прашања, не водејќи се од она што значи дневна политика и состојбите што би ја нарушиле комфорната состојба.
И целата јавност тоа го знае, СДСМ ни случајно не се плаши од крупни чекори, напротив, но ВМРО-ДПМНЕ има докажано во минатото дека сите горливи прашања ги ставала под тепих заради своето комотно владеење, нагласи пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева, во емисијата „24 Анализа“ на ТВ24.
Next Post

Трајко Славески и ВМРО-ДПМНЕ против зголемување на платите на работниците

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk