ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Вкупнo ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата 277.137, активни 13.726 лица

February 6, 2022 08:37
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на активни случаи на КОВИД-19 во земјава изнесува 13.726 лица, од кои во последните 24 часа регистрирани се 1.500 нови лабораториски позитивни случаи, меѓу кои 13 проценти или 195 се реинфекции. Според информациите од Министерството за здравство, во текот на вчерашниот ден оздравени се 522 пациенти и пријавени се 16 починати лица, од кои три лица се целосно вакцинирани, а кај сите 16 лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.814.187 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 277.137, бројот на оздравени пациенти е 254.862, а на починати е 8.549.

Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

Косово од вчера ги олесни анти-ковид мерките за влез во земјата и се врати претходната обврска за приложување доказ за примени две анти-ковид вакцини, додека влезот во земјата е дозволен и за лицата кои имаат примено една вакцини, со тоа што треба да приложат и негативен РТ-ПЦР тест. Со новите мерки, меѓу другото, се скратува полицискиот час, и наместо од 22 како досега, ќе биде од 24 до пет часот наутро. Исто така, се продолжува и работното време на угостителските објекти, наместо до 21.30, до 23 часот и се укинува обврската за носење заштитни маски на отворено.

Литванија ја укина употребата на ковид сертификатите, иако земјата постојано има висока стапка на инфекција. Од вчера нема да мора да се покажува ковид потврда за влез во ресторани, продавници, театри, кина, музеи и слично, а укината е и обврската на вработените во одредени занимања, вклучително и здравствениот и образовниот сектор, редовно да се тестираат. Од мерките и натаму останува задолжителното носење маски, дистанцата и дезинфекцијата.

Австријците постари од 18 години од вчера ќе мора да се вакцинираат против КОВИД-19 или ризикуваат висока парична казна – мерка без преседан во Европската унија. Новата мерка, усвоена од Парламентот на 20-ти јануари, беше потпишана вчера од претседателот Александар Ван дер Белен како кулминација на процесот што започна во ноември како резултат на брзото ширење на опцијата Омикрон. Владата одлучи да продолжи да го следи својот нов, построг пристап, и покрај критиките во земјата.

Според податоците од федералните извештаи, вкупниот број Американци кои ги загубиле животите поради Ковид-19 од првиот случај на инфекција во почетокот на 2020 година до овој петок достигна најмалку 904.067, што е повеќе отколку што има жители државата Северна Дакота, пренесува Си-Ен-Ен. Така, САД бележат најголем број смртни случаи од коронавирус во светот, потоа следат Русија, Бразил и Индија, кои заедно имаат повеќе од 1,8 милиони смртни случаи. Меѓутоа, кога се гледа бројот на смртни случаи од коронавирус по глава на жител, САД се на 20-то место, далеку под Перу и Русија, кои имаат најголем број смртни случаи според тој критериум.

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус вчера изјави дека разговарал со кинескиот премиер Ли Кечијанг за потребата од зајакнување на соработката во одредувањето на потеклото на Ковид-19.

-Мило ми е што се сретнав со премиерот Ли Кечијанг. Разговаравме за Ковид-19 и потребата од поголеми напори за да се направи вакцината подостапна, а пристапот кон имунизација поправеден за да можеме да вакцинираме 70 отсто од светското население оваа година, напиша Тедрос на Твитер.

Минатата година, СЗО формираше Научна советодавна група со задача да го утврди потеклото на новите патогени и ја повика Кина да обезбеди необработени податоци за да помогне во истрагата, но Кина одби, повикувајќи се на правилата за приватност на пациентите. 

Next Post
Македонско, бугарско и знаме на ЕУ. Софија. Фото: М. Ацковска / Фронтлајн

Скопје е за брзо, но не и за избрзано решение со Софија, следната недела нова средба за политичкиот пакет прашања

Shortcut

Најново

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk