ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Зголемен број на „диви даватели“ на поштенски услуги за интернет нарачки, лани шест прекшочни постапки

February 6, 2022 17:23
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Поштенски пратки Фото: МИА

Поштенски пратки Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Кај нас сивата трговија, во последните години особено, си пронајде свои канали за продажба и за достава, па оттука  и зголемениот број на т.н. „диви даватели“ или физички и правни лица кои вршат достава на интернет нарачките, купени најчесто од фејсбук и инстаграм профили, вели во интервју за МИА директорката на Агенцијата за пошти Билјана Аврамовска Ѓоревска.

Агенцијата за пошти, тврди таа, будно ги следи состојбите во однос на измамите од „дивите даватели“ кои доставуваат пратки кои се производ од онлајн пазарње и ажурно презема активности кои се во нејзина надлежност.

Како што вели, како ниедна година претходно во 2021 година Агенцијата за пошти водела дури шест прекршочни постапки пред надлежните судови против субјекти кои вршеле поштенска дејност без лиценца.

-Во прв степен се завршени четири од постапките, три од нив завршија со осудителни пресуди во кои фирмите и нивните управители се санкционирани со глоба од 100 до 2.000 евра во денарска противвредност, а една од пресудите е веќе правосилна. Исто така, врз основа на една пријава од корисник Агенцијата за пошти придонесе во откривање на физички лица кои произведувале и поседувале поголемо количество на фалсификувана роба, за што понатаму се отпочнати кривични постапки пред надлежни институции, вели Аврамовска Ѓоревска.

Во АП се евидентирани мал број поплаки за измами од онлајн продавници. Агенцијата не е надлежна да постапува по ваквите пријави, но сепак им укажува на граѓаните дека пазарењето од нерегистрирани-неверификувани онлајн трговци претставува голем ризик од причина што тие воопшто не се заштитени како потрошувачи бидејќи немаат фискална сметка за производите кои што ги нарачуваат, ниту пак некаква гаранција за истите.

Доставата на производот до адресата на купувачот, потсетува Аврамовска-Ѓоревска, треба да ја извршат лиценцирани даватели на поштенски услуги.

-Во домашниот поштенски сообраќај лиценцираните даватели покажаа дека успешно ги менаџираат оперативните процеси преку кои се обезбедува сигурна достава на е-пратките од корисниците на поштенски услуги кои се во својство на испраќачи на пратки до примачите. Давателите на поштенски услуги не одговараат за содржината на пратката туку дека можат да преземат одговорност само за губење или целосно оштетување на пратката, за нејзиното делумно оштетување или ограбување или пак за пречекорување на рокот за достава, посочува директорката на АП.

На поштенскиот пазар моментно работат 43 лиценцирани даватели на поштенски услуги односно, 42 правни лица со Општо овластување за обезбедување на поштенски услуги, и АД Пошта на Северна Македонија – Скопје со индивидуална дозвола за обезбедување на универзална услуга.

-Големиот интерес на правните субјекти да започнат со работа во поштенскиот сектор е тренд кој својата највисока точка ја достигна кон крајот на 2020 и првата половина на 2021 година, како резултат на новата општествена реалност поврзана со Ковид-кризата. Заради променетите навики на граѓаните и фирмите, а особено со растот на е-трговијата, очекуваме овој тренд на интерес да се движи во нагорна линија  и во текот на 2022 година, вели Аврамовска Ѓоревска.

Таа ги отфрла реакциите дека лесно се добива општо овластување за обезбедување поштенски услуги и информира  дека се работи на измени и дополнувања на Правилникот за содржината и формата на нотификацијата и потребната документација со кои ќе ги допрецизираат и зајакнат критериумите за капацитетот  и инфраструктура  на потенцијалните правни субјекти кои поднесуваат нотификација.

Минатата година нотификација за добивање на општо овластување поднеле 16 нови правни субјекти од кои осум добија општо овластување за обезбедување на поштенски услуги  (четири за одредено географско подрачје и четири за целата територија на  државата).

Агенцијата за пошти, тврди таа, прави темелна и сеопфатна анализа, во законска рамка се разбира, на правните субјекти кои ќе аплицираат за Општо овластување за обезбедување на поштенски услуги – лиценца, со цел да станат учесници и на тој начин да им се овозможи пристап до пазарот  на поштенските услуги, по што во целост ги отфрлам реакциите дека лесно се добива општо овластување.

-Во насока на креирање амбиент за фер конкурентски натпревар во интерес на сите  учесници, ги подигнавме стандардите за издавање на Општо овластување во насока на задолжително брендирање на возилата и поседување на службена легитимација т.е. идентификација која служи за докажување на службеното својство и за која има обврска да се покаже при доставата на поштенските пратки. Веќе работиме на  измени и дополнувања на Правилникот за содржината и формата на нотификацијата и потребната документација која се доставува со нотификацијата со кои ќе ги допрецизираме и зајакнеме критериумите за капацитетот  и  инфраструктура  на потенцијалните правни субјекти кои поднесуваат Нотификација за Општо овластување за обезбедување на поштенски услуги, вели Аврамовска Ѓоревска.

Next Post

„Сестри“ ја освои публиката на грчкиот филмски фестивал „Панорама“

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk