Мојата порака до бизнис заедницата, особено онаа покрупната, е дека ако можат да издржат 16.300 денари минимална плата (како што вели Димитров), тогаш можат да издржат и 18.000 денари.
Како? Просто.
Па малку ќе ја зголемат продуктивноста, ќе намалат профитите кои ги прават и без многу „растривање” од работа, помалку непотребни трошоци, повеќе приходи (нови пазари и гранде извоз како, потоа воведување нови производи, а не само плачење над сопствената судбина – „Седев крај реката Педра и плачев”), малку и државата ќе помогне секако и ете 18.000.
Треба да се има во предвид дека поголем минималец кај работниците ќе ја зголеми и потрошувачката во трговијата и тоа ќе биде добро за економија. Не е тоа некоја кој знае каква промена, ама важно е правецот да се задржи.
Вака бизнисот, оној покрупниот, (кој и не е така крупен што е проблем, оти некои сопственици дремеа триесет години и ништо важно не правеа со сопствените бизниси па дојде ден да се замараат со минималецО хахаха), е такви од нив дел оставаат впеечаток дека и не им е многу до тоа колку ќе биде минималецот?!
Се мислам дека повеќе ги интересира која од двете партии (власт и опозиција) каков став застапуваат … Јадните пак фаќаат некаков приклучок.
Мислам дека се во офсајд.
Ајде да се затвори прашањето за минималецот. На 18.000, се разбира.
Објава на Фејсбук од Љупчо Зиков