ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Комисија за категоризација ќе одлучи дали Ембла ќе следи редовна настава

February 7, 2022 16:45
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Триесетина родители, претставници на општинската власт и на  Комисијата за заштита од дискриминација заедно го разгледаа случајот со Ембла, девојчето со Даунов синдром од Гостивар. По состанокот кој траеше повеќе од два часа и не беше отворен за новинарите се заборувало за настанатата ситуација и било заклучено девојчето да продолжи со следење настава преку инклузија, а во меѓувреме посебна комисија да направи нова категоризација.

По состанокот се обрати само градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари кој изнесе некои поединости, за кои, како што рече, даваат ново светло и правец кон наоѓањето решение.

– Од состаноците кои ги имав, со дефектолозите, психологот, учителката и со родителите произлезе дека родителите на девојчето инсистирале тоа да посетува настава со инклузија и тоа е овозможено. Годинава кај неа било забележано агресивно однесување и овој факт го потврдија речиси сите. Иако меѓу децата имало разбирање, сепак има некои од соучениците биле и повредувани. Освен Даунов синдром, Ембла има и форма на аутизам, што е потврдено и во извештајот од комисија која врши категоризација на вакви деца. За неа се обезбедени и посебни услови во училиштето. Сепак, некои од родителите искажеле загриженост за нивните деца. Како институција ќе побараме уште еднаш да се направи категоризација за Ембла, по што ќе се донесе конечен заклучок со препорака дали таа ќе следи настава преку инклузија или во паралелка за деца со посебни потреби, тоа ќе се знае наскоро, рече градоначалникот Таравари.

Случајот со 11-годишно девојче предизвика внимание откако беше обелоденето дека родители на ученици од училиштето „Единство-Башкими“ се незадоволни од нејзиното однесување и потпишале петиција тоа да не следи настава заедно со нив. Второто полугодие Ембла го започна со задоцнување и беше објавено дека има противење таа да следи редовна настава.

Во Гостивар денеска дојде и претседателот Стево Пендаровски и го посети семејството Адеми. Тој по средбата порача дека предрасудите се пречка во градењето еднакво и праведно општество. /МИА/.

Next Post

Германија истражува стотина случаи на говор на омраза на Интернет за убиството на двајцата полицајци

НАЈНОВО

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk