ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Имаме механизми за одбрана од сајбер-напади, но треба и постојано да се надградуваат

February 7, 2022 17:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сајбер-нападите се реална закана за сите институции, но ова што вчера се најавуваше и помпезно излезе во медиумите е класична лажна вест, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска објавите на социјалните мрежи дека грчка хакерска група го пробила компјутерскиот систем на Министерството за образование и наука и ја презело контролата врз надгледните камери и интернет-страницата.

Веста што вчера брзо се рашири на социјалните мрежи денеска ја демантираше и МОН.

– Нема хакерски напад на Министетството за образование  и наука и на други институции, нема напад во кој е влезено и се земени податоци и документи и нема напад врз системот за видеонадзор. Видеото што беше објавено не е од МОН ниту од кое било од другите министетства, изјави Спасовски за ТВ Сител во одговор на прашањето дали и колку се безбедни државните институции од вакви напади.

Тој посочи дека државата има механизми и дека секоја институција поединечно работи на заштита на своите електронски податоци, а МВР е во координација со својот Оддел за спречување компјутерски криминал и со Агенцијата за електронски комуникации и дека на државните институции им се дава потребната стручна помош со цел да се заштити системот.

– Меѓутоа, тоа е нешто што постојано треба да се надградува, да се јакнат и материјално-техничките и човечките ресурси во секое од министетствата и посебно кај нас, во Одделот за спечување компјутерски криминал. Досега имало обиди за напади на одредени веб-страници на институции, но поради воспоставенот одбранбен механизам  тоа не се случило. Тоа беше лажна вест, мислам дека не треба да создаваме некаква фама ако такво нешто не постои, рече Спасовски.

МОН денеска во демантот информираше дека видеоснимките од безбедносни камери кои се прикажуваат не се од нивни простории  и дека по направени проверки на соодветната внатрешна служба заедно со надлежните институции за справување со компјутерски инциденти, не е констатиран никаков упад во електронските системи и бази на податоци со кои располага. МОН апелираше до граѓаните да не наседнуваат на шпекулации и да бидат спокојни за личните податоци за учениците, студентите, наставниот кадар зашто системите се соодветно заштитени.

извор: МИА

Next Post

Нови протоколи за влез во Холандија и Грција

Shortcut

Најново

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026
Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk